Коментари

УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ РЕЦЕПТ ЗА ИДЕНТИТЕТСКА КАТАСТРОФА!

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Ако ја погледнеме суровата реалност, ќе видиме дека токму нашата земја е „казан“ што врие, а околу него играат европски и балкански демони, облечени во костуми од Брисел, Париз, Берлин и Софија. Доаѓаат еден по еден, со насмевки и декларации за поддршка, но заминуваат со притисоци, уцени и нови понижувања.

Антонио Кошта, претседателот на Европскиот совет, дојде во Скопје како гласник на нова капитулација. Барањето е јасно, сменете го Уставот и внесете ја Бугарија како „државотворен народ“ во сржта на македонската држава.

А ние што да правиме?

Да молчиме и да чекаме?

Да се лажеме со „европски перспективи“ додека ни ја бришат историјата, идентитетот, достоинството?

Нема веќе простор за илузии, Македонскиот народ не е заборавен. Ние сме народ кој преживеал поделби, војни, геноциди, и пак се исправил. Планот на тие што денес го варат нашиот Устав не е ништо ново, тој е продолжение на Лондонската конференција од 1913 година, кога големите сили ја сечеа Македонија како со касапски нож.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ РЕЦЕПТ ЗА ИДЕНТИТЕТСКА КАТАСТРОФА!

Што значи тоа?

Тоа значи дека вратата се отвора за бескрајни и сè поагресивни барања од источниот сосед, барања кои директно го удираат во темел македонскиот национален, историски и културен идентитет. Тоа значи дека Македонија не добива ништо за возврат ниту јасен датум за напредок во преговорите, ниту почитување од Бугарија, ниту заштита од Европската Унија, ниту правата на Македонците во Пиринска Македонија и во цела Бугарија, добива само нови закани и нови услови.

Да не се лажеме Бугарија не го крие својот вистински мотив. Таа не сака да го помогне македонскиот пат кон ЕУ, таа сака да го прекрои македонскиот идентитет и тоа не е ништо ново. Оваа политика ја водат од времето на царот Фердинанд, преку врховистите, па до денешните евро-блокатори.

Ако еднаш се направи отстапка без јасно дефиниран крај секој нов чекор ќе биде наметнат со истата уцена: „или ќе прифатите ново барање, или ќе ве блокираме“.

Ова не е пат кон ЕУ, ова е пат кон самоуништување!

Промена на Уставот без цврсти гаранции и без меѓународен документ што ќе стави крај на сите барања е национално предавство. Тоа е чекор што нема назад. Тоа е преседан што утре ќе се користи за нови притисоци, за нови откажувања, за нови уцени.

Македонија мора да застане цврсто и достоинствено. Уставот не е инструмент за политичка трговија. Тој е основата на нашето постоење, темелот на државноста и заветот на нашите предци.

Македонија не е „услов“, ниту „предуслов“ таа е држава со своја душа. И таа душа не се продава. Македонија не смее да биде жртва во туѓ геополитички рецепт. Ако Европа навистина нè сака, нека нè прими такви какви што сме, горди, своеглави, историски исправени.

Време е за достоинствен отпор, за национално будење, за политичко обединување околу јасната порака: Македонија не менува Устав за да стане ничија колонија!

Ова не е борба само за членство во ЕУ, ова е борба за постоење!

Македонија заслужува иднина, но не по цена на нејзината душа!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top