Коментари

Од што се плаши Бугарија да ги признае Македонците во Бугарија?

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Во 21 век, кога Европа зборува за човекови права, демократија и малцински слободи, во Република Бугарија постои молк, страв и системска дискриминација.

Не станува збор за некаква непозната група, туку за Македонците, автохтоно население во Пиринскиот дел на Македонија, чие постоење се негира со децении.

Прашањето е едноставно: од што точно се плаши Бугарија, страв од вистината?.

Признавање на македонско малцинство значи признавање дека македонскиот народ постои, дека има свој јазик, историја и национално чувство. А токму тоа го руши столбот на бугарската политика, вековниот наратив дека „Македонците се Бугари“. Со еден потпис на признавање, паѓа нивната идеолошка конструкција стара 150 години, затоа молчат.

Во повеќе наврати, Европскиот суд за човекови права ја осуди Бугарија поради одбивање да дозволи регистрација на здруженија на Македонци. И покрај тоа, Софија упорно го крши европското право. Зошто? Затоа што вистинска демократија би значела дека Македонците во Пирин ќе имаат право:

-да формираат свои здруженија,

-да организираат културни манифестации,

-да бараат училишта и медиуми на македонски јазик,

-да зборуваат за историјата на нивните дедовци кои не се чувствувале како Бугари.

Признавањето на Македонците би значело отворање на „второ македонско прашање“, но сега внатре во самата Бугарија. Тоа би донело потреба од историска ревизија на времето на Тодор Живков, депортациите, бугаризацијата и крвавото замолчување на Македонците во Пирин. А за Бугарија, тоа е неприфатливо бидејќи би значело соочување со сопствените злосторства.

Бугарија со децении го користи своето членство во ЕУ за да ја уценува Македонија, да негира јазик и идентитет, и да преговара за нешто што е свето и недискутабилно, нашата национална припадност. Но признавањето на македонско малцинство во нејзините граници би ја оставило без аргумент, без притисок, и без алиби за историски ревизионизам.

Македонската држава, политичарите и граѓанското општество мора да ги засилат напорите за заштита на Македонците во Бугарија. Не од омраза, туку од љубов кон вистината. Не за минатото, туку за иднината на еден народ кој никогаш не се откажал, дури ни тогаш кога бил заборавен.

Молкот на Бугарија не е неутралност – тоа е страв. Страв од вистината, страв од правдата, страв од демократијата. Но ниту една лага не живее вечно. Македонците во Пирин не молчат – тие чекаат. А со вистината на своја страна, и таа битка ќе ја добијат.

Македонскиот идентитет не се признава тој се живее. И колку повеќе не го признаваат, толку повеќе ќе постои.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top