Коментари

Зошто СДС повеќе ги штити бугарските отколку македонските интереси?

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Свекрва

Во изминатите години, македонската јавност е сведок на еден трагичен политички парадокс: партијата која некогаш се претставуваше како „чувар на прогресот“, денес стана симбол на откажување од националното достоинство. Говориме за СДС, партија која во последните години не само што молчи пред бугарските уцени, туку активно учествува во нивно спроведување.

Сѐ започна со наметнатите договори и протоколи, потпишани под превезот на „европска перспектива“. Но, што доби Македонија? Наместо отворен пат кон ЕУ, доби диктирани лекции по историја од Софија. Наместо европски вредности, доби тивко одобрување на негирање на сопствениот јазик, народ и идентитет. Наместо партнерство, доби потчинетост.

СДС, наместо да се спротивстави, избра да биде гарант на тие барања, од прифаќањето на бугарскиот диктат преку „францускиот предлог“, до игнорантниот однос кон состојбата со македонците во Бугарија, кои и ден денес се третирани како непостоечки.

Додека ОМО „Илинден“ и другите здруженија во Пиринска Македонија се гонат, забрануваат и маргинализираат, раководството на СДСМ молчи. Ниту една официјална реакција, ниту една дипломатска иницијатива, ниту еден државен ангажман. Зарем тоа е грижата за македонските интереси? Или пак, во името на тивка послушност, македонците надвор од границите се сметаат за „политички вишок“?

Најцинично од сѐ е што СДС ги обележува сите кои се противат на овие отстапки како „националисти“, „ретроградни“, па дури и „руски агенти“. Според таа логика, љубовта кон татковината е грев, а поклонувањето пред туѓи интереси е доблест. Така, критиката кон бугарските условувања станува поголем проблем отколку самите условувања. А тоа е јасен показател дека СДС одамна не ја гледа Македонија со исти очи како народот што сака да ја сочува.

Што стои зад сето ова? Некои ќе кажат дека станува збор за идеолошка заблуда, други ќе тврдат дека причините се лични и бизнис поврзаности со моќни центри во Софија и Брисел. Но едно е јасно оваа партија одамна го изгуби компасот. И денес, наместо да се бори за национален интерес, СДС е гласноговорник на туѓа волја.

Македонија ќе преживее и без СДС.

Историјата нѐ учи дека народот знае да прости, но не и да заборави. И кога ќе дојде моментот за пресметка, политичка, морална и историска народот ќе го постави едноставното прашање: Кога и требавте на Македонија, каде бевте и чии интереси штитевте?

Македонија ќе оди напред, со оние што не се поклонувале пред ничии ултиматуми. И ќе остане исправена и покрај сите предавства, токму затоа што има народ кој сѐ уште верува дека честа, идентитетот и јазикот не се монета за поткусурување.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top