Коментари

СДСМ ја злоупотребува трагедија во Кочани за евтини политички поени

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

НЕКРОФИЛИЈАТА НА СДСМ: КОГА ТРАГЕДИЈАТА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРЕДНОСТИ

Трагедијата што се случи во Кочани е болно потсетување дека животот е кревок, а безбедноста мора да биде апсолутен приоритет за секоја институција. Но, она што е уште поболно и поодвратно е начинот на кој поранешната власт предводена од СДС ја злоупотребува оваа трагедија за евтини политички поени. Наместо сочувство и одговорност, СДС избира некрофилски пристап со лаги, манипулации и цинична злоупотреба на човечката несреќа.

СДС денес се обидува да фрли песок во очите на јавноста, да го измести фокусот и да го замагли сеќавањето на сопствената неспособност. Јавноста не заборава: за време на нивното седумгодишно владеење, не беше поднесена никаква одговорност за ниту еден скандал, ниту еден функционер не беше повикан на одговорност, а уште помалку санкциониран. Во времето на СДС, владееше културата на неказнивост, ароганција и молк.

Најстрашниот пример за тоа е случајот со модуларната болница во Тетово, каде што трагично го загубија животот 14 граѓани. Главниот виновник, тогашниот министер за здравство Венко Филипче, сè уште шета слободен. Тој лично ја подготвувал техничката спецификација на тендерот, дозволувајќи изградба на болнички објекти без употреба на огноотпорни материјали. Сè беше правено спротивно на процедурите, незаконски, неодговорно и безбедносно ризично.

Денес, за разлика од тогаш, Република Македонија има Влада која постапува брзо, сериозно и одговорно. Трагедијата во Кочани не се покрива со партиски чадори. Напротив, се спроведува сеопфатна и неселективна истрага која ги опфаќа и поранешни и сегашни функционери. Некои од нив веќе се во притвор, а тоа е доказ дека денес има систем, има одговорност и има правда за сите без разлика на функцијата или партиската припадност.

Покрај одговорноста, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзеде и сериозни чекори за превенција. Донесени се измени во Законот со кои се забранува употреба на пиротехнички средства во затворени простории, една од главните причини за несреќи. Истовремено, санкциите за прекршителите се драстично зголемени, а дополнително е воведена и јасна одговорност за присуство на малолетници по полноќ во угостителски објекти. Тоа се мерки што ја заштитуваат младата популација и спречуваат идни трагедии.

Денешната Влада не калкулира со човечки животи, туку дејствува. Одговорно, законски и транспарентно. За разлика од времето кога СДС ги криеше вистинските виновници, денес никој не е недопирлив. Така се гради доверба, така се штити народот.

А СДС нека продолжи да го покажува своето вистинско лице, лице на партија што не познава ниту етика, ниту одговорност, ниту срам.

Македонскиот народ знае да препознае кога некој искрено служи на граѓаните, а кога некој безобразно ја злоупотребува туѓата болка за мизерна политичка корист.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top