Коментари

ЗА ДЕНОТ НА ЛИПИТЕ ВО ДПМ

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska copy copy copy copy copy copy copy copy copy

МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

ПОМЕЃУ ПЕЈСАЖОТ И БЕТОНОТ, ПРОТИВ  КАТА-СТРОФИ

Под бетонот не расте производството на воздух, а В.И. мисли и таму ќе дише вавилонски дух, и таму пејсаж ќе има – со висечки градини на катни леи. И денес градини во пустини се галат, но како ќе се палат без струја, без вода – кога згаснат. Какво залевање пејсажи, какви омажи за творците во дворците на бездушната сласт за власт!? Бетонот ќе остане без жив тон. Но, пејсажот ќе расте и храна ќе дава – од мориња под песокот чувани од предпотопски води. Земјата е книга за умните да ја читаат, не за дрогираните да скитаат, бесно да итаат, во бетон-гроб да паѓаат без да садат мисловни пејсажи од Земја до космос.

Во бетон тие живеат, а не и од него. Зли метали роботите садат, а не човечни корени, народ да хранат створени. Иако од иста Земја е се’, со квадрилијарди клетки и во човекот и во галаксии по течение на плазми небесни. Колку бескрајно мали се големите замки на ката-строфата! Измами, пиратства, бришење братства… Се храни таа со човечко месо и дух, со пејсажи на чиста радост. Од под бетон чернобилски, хирошимски, фукушимски… раѓа, рие, крие таа умртвени мутанти, анти органски пејсажи.

Гата таа: „Се’ ќе направам да има се’ порасипан, пореметен тек на гадоста, испревртена вера хибридна. Со неа вистински вереници мамам, демони уценувам, и добивам на небото стан. Одново ќе пребегам од прогони за анти-небесни, анти-земни, анти-народни не-дела анти-културни. Моето небо  се добива со членство во црно време, со кодош племе – против благословените. Никогаш Сал с Бо(г) не сум. Затоа сум катаСтрофа вештерска. Неверници влечам од сите четири партиции, и постанувам патриција. Ме наградуваат за мојата страст по власт. Учена и курсирана вештерка сум: власта се бетонирала во пештери за вештери. Само јас и прелажаните смееме да се смееме и да крадеме. Не сум сал јас, и Ирод го измамила Салома за праведната глава. Само јас и бетонџиите смееме да пееме, пејсажи со песок да сееме, живи величини да  мрееме Јас прогласувам кого да згаснам кого да спасувам.“ 

Но, доаѓа, сепак доаѓа спас од нејзиниот пост-хуман хаос, од машини на смртта и рушења на божјиот Наос. Канали пали, арсенали активира, во приемни сали морфира од стаор во граор, прогресивно профитира, во лажни ѕвезди се инфилтрира, опожарува очовечени пејсажи, и астрофизичари онеспособува ако ја откријат нејзината вештерска темнина. Вештерката не сака да знае за божја топлина, а во нејзино име им бае на новодобските златоносци. До кога, Боже, нејзиниот бе-тон клон, нејзин чекан и наковална ќе се, рајско овошје да дроби, плодни фарми да труе, бисери да меле и фрла во отпад со нејзините книжевни експлоатации, а пејсажот чист и чеден да го прска со црвјосани пестициди, мал-формации, интоксикации – култури да гинат од неа и нејзините цемент г-робови!? Но, по неа, сепак, и пак – пејсажи ќе изгреваат. Но,  мртвите души нејзини – не! Под идолот теле-бе-тон се. А просветлените душевни глетки над нив, правци на правдата ќе се, и празници со плодови на духот, неограбени творештва на генијалноста македонска, светска.    

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top