Коментари

Идеја што не запира, вредности што носат промени. 35 години ВМРО-ДПМНЕ, 124 години ВМРО

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На 17 јуни 1990 година се случи настан што го промени текот на македонската историја. ВМРО-ДПМНЕ е формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш,

АМИН !

Во времиња на неизвесност и пад на комунизмот, во срцето на Скопје беше формирана првата македонска политичка партија со вистинска национална платформа, ВМРО-ДПМНЕ. Ова не беше обично основање на уште една партија, туку беше продолжение на вековната борба за слобода, достоинство и национално самосознание.

Зад оваа идеја стоеше човек со јасна визија и огромна жртва Драган Богдановски, идеологот, визионерот и совестa на современото македонско движење.

ВМРО-ДПМНЕ се роди од маката на народот, од потребата за глас на оние што 45 години беа замолчени. ВМРО- ДПМНЕ во себе го носеше духот на историското ВМРО – но пренесен низ современ контекст, подготвен да се соочи со предизвиците на новото време.

Политичкиот плурализам со ВМРО-ДПМНЕ ја започна демократијата во Македонија. Тоа беше првата автентична политичка сила која не произлезе од комунистичките структури, туку од народната волја.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш стоеше на браникот на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура, без калкулации, без отстапки! Под раководство на оваа партија беа спроведени низа реформи, инфраструктурни проекти, поддршка за семејствата, пензионерите, младите, бизнисите,…

За овие 35 години ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги придобие сите генерации, се’ со една заедничка цел: силна, суверена и напредна Македонија.

Денес, 35 години подоцна, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, повторно е двигател на промени. Повторно го носи факелот на надежта. Повторно ја брани Македонија од надворешни притисоци и внатрешни предавства.

35 години подоцна ВМРО-ДПМНЕ сè уште ја предводи битката за Македонија, битка за вистината, за идентитетот, за правдата, за секој човек што ја љуби оваа земја, битка против неправдата и против предавството.

Во партијата е врежан заветот од Илинденците и Асномците.Затоа денес велиме, таму каде што е ВМРО-ДПМНЕ, таму е и Македонија!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top