Коментари

КИРИЛ ДОНСКИ – БОРЕЦ ЗА НЕЗАВИСНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА И ЕДИНСТВЕН ВИТЕЗ НА ПРОНАОЃАШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

1dons

1dons copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар ДОНСКИ

Деновиве постхумно излезе од печат второто дополнето издание на книгата „Подвизи за славата на Македонија“ од магистер Кирил Донски (инаку чичко, постар брат на авторот на овој текст). Изданието е подготвено од неговиот син магистер Виктор Донски и истото е пополнето со досега необјавени податоци од бурниот живот на неговиот татко. Да потсетиме дека Кирил Донски бил учесник во НОБ, а потоа како командант војувал на Сремскот фронт, каде бил трипати ранет. За неговото учество во НОБ има добиено бројни одликувања и медалји. По војната бил заменик командант на Скопскиот воен аеродром, од каде заминал во воздухопловната академија во Панчево да се школува за воен пилот.

Претходно, незадоволен од состојбата во Македонија и откажувањето на новата власт од Македонците од пиринскиот и од егејскиот дел на Македонија, Кирил, заедно со група офицери, на почетокот од 1946 година  формирал илегална македонска организација која се залагала за независна и обединета Македонија. Организацијата била откриена, а нејзините членови биле уапсени и осудени на затворски казни, додека еден од нив бил стрелан. Меѓу осудените бил и Кирил, кој бил уапсен во Панчево и по судењето му бил одземен офицерскиот чин.

Интересно е тоа што пресудата од страна на Воениот суд против Кирил Донски и неговата организација (и покрај интензивното барање) ја добивме дури пред неколку месеци од Воениот архив на Србија и истата во целост е вметната во ова второ дополнето издание на книгата.

По излегувањето од затвор Кирил целосно се посветил на иноваторската дејност со која се занимавал уште како млад. За својот пронајдок Универзален комбајн со летечки работен орган, во 1962 година на светски познатата меѓународна изложба за пронајдоци „Еурека“ во Брисел, Кирил Донски освоил златна меделја. Тоа е првата златна медалја од областа на пронаоѓаштвото освоена од еден Македонец. Во 1998 година, Кирил заедно со Трајче Богатинов повторно учествувал на истата изложба Еурека со свој пронајдок, каде освоил сребрена медалја. Поради сето ова во 1999 година од страна на Кралската Белгиска комора на пронаоѓачи му е доделен Орденот за заслуги од областа на пронаоѓаштвото при што беше прогласен за ВИТЕЗ НА ПРОНАОЃАШТВОТО!.

Кирил Донски е автор на над 40 патентирани пронајдоци од кои некои биле откупени, а за други интерес покажале и некои странски држави. Работниот век го завршил како универзитетски професор, а почина во 2013 година. Во тек е и подготовка на документарен филм за овој заслужен Македонец.

Donski Aleksandar 1

Donski Aleksandar 2

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top