Коментари

Дали СДС имаат доблест и право да зборуваат за чесност, правда и европски вредности?

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Народот не заборава, вистината за СДС мора да се каже!

СДС денес повторно се јавува како „морален судија“, со полни усти критики за секој потег на новата влада. Но прашањето е: Дали СДС имаат доблест и право да зборуваат за чесност, правда и европски вредности?

Да се потсетиме.

Во нивното време го доживеавме најголемото национално понижување во поновата историја на Македонија. Со Преспанскиот договор, СДС и Зоран Заев го избришаа вековното име на државата Македонија! И сето тоа, без консултација со народот, без референдумска волја, со грубо газење врз достоинството на македонскиот човек.

Не беше доволно само тоа. Следеше срамниот Договор со Бугарија потпишан по диктат на Софија, со кој македонската историја, јазик и идентитет беа ставени на маса за преговори, како да се на пазар. Наместо да не заштитат, не предадоа. Наместо да бидат гласот на Македонија, беа гласноговорници на туѓи интереси.

Во тие години на СДС, државата стана рај за корупцијата и криминалот. Најголемата брука, македонски патни исправи завршија во рацете на светски мафијаши, нарко босови и терористи. Македонија се претвори во „Елдорадо“ за меѓународниот организиран криминал!

Во меѓувреме, додека народот тонеше во сиромаштија, во министерствата се играше фудбал. Партиските функционери си направија игралишта во институциите, како да се приватен клуб. Наместо работа, забава, наместо реформи, селфи и шоу за јавноста.

Купуваа јаглен по срамно високи цени, со тендери што ги плаќаше народот, а профитираа партиските блиски фирми. И тоа во време кога електраните едвај преживуваа, а народот плаќаше енормни сметки за струја.

Да се потсетиме и на другите недела:

-14 загинати во модуларната болница во Тетово, ниту еден виновен!

-„Рекет“, корупциски скандал без преседан, со милиони евра изнудени од бизнисмени!

-Судството претворено во политичка алатка, а обвинителството во глув и слеп послушник!

-Македонија на дното на сите европски листи по слобода, по доверба, по развој!

И денес тие истите зборуваат за „морал“ и „вредности“? Народот не заборава! и народот не се потценува!

Македонија конечно има влада без криминални афери, со визија и решителност.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ веќе четири години покажува како се работи одговорно и транспарентно.

Нема скандали, нема злоупотреби туку конкретни проекти и решенија за граѓаните.

И затоа СДС е во паника. Затоа што завршува времето на лагите, лицемерието и националните предавства.

Македонија веќе тргна по вистинскиот пат и враќање назад нема!

Македонија е будна!

Македонија се бори!

Македонија победува!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top