Коментари

Писмо од братот на Мара Бунева, Борис Бунев од 1945 год

boris_bunev

boris_bunev

Почитуван г. министре,

Во текот на септември 1941 година, заедно со семеjството, сопругата и синот, се преселив во Скопjе, при што од Софиjа jа пренесов сета покуќнина.

Немаjќи сопствен дом, бидеjќи моите родители живеат во Тетово, од чиновникот за државни имоти ми беше определено да живеам во куќата на ул. 248 бр. 6, во коjа jа сместив сопствената покуќнина. Поради настаните на 8-ми септември 1944 г., го напуштив Скопjе без да jа изнесам покуќнината и заминав за Софиjа. Причините поради кои jа напуштив татковината Македониjа, ќе ги изнесам подолу.

Поради различните патишта по кои одев за слободата на Македониjа, денес сум определен како неподобен жител на татковината…, иако постоjано живеам со убавата мисла дека ќе ми биде дозволено да живеам во Македониjа и да бдам полезен. …

Тоа мое решение да живеам во Бугариjа е привремено и ми налага да си jа соберам покуќнината. Домашните ми jавуваат дека во куќата во коjа се наоѓа покуќнината се вселило службено лице, кое одбило да ги пpедаде работите. …

На почетокот на молбата ветив дека ќе ги изложам причините поради кои ги напуштив Скопjе. Бев загрижен за навлегувањето на Љотиќевците и Дража Михаиловичевите вооружени групи, за кои имаше сведоштва дека се веќе во Сурдулица и второ, ако останев во Скопjе, ќе требаше да се потчинам на германските воjски.

Од Љотиќевците и Дражамихаиловичевците се плашев дека како стар борец на ВМРО ќе посегнат по мене, а на Германците не сакав да им служам.

Треба да ви раскажам за следното:

Неколку денови пред бугарските воени и административни власти да jа напуштат Македониjа, во кабинетот на обласниот директор Тома Петров, на состанок бевме повикани неколку граѓани.

Обласниот директор ни рече дека бугарската влада му наредила да свика состанок со видни граѓани и да основa ‘привремена македонска влада’ под покривителство на германската воена команда и германскиот конзул во Скопjе, и таа влада треба да jа обjави автономиjата на Македониjа.

Сите присутни требаше да се изjаснат. Jас прв се jавив за збор, и буквално го кажав следново:

‘ Господине директоре, не во 11 часот, туку сега земете го телефонот и соопштете им на министрите, да им jа ебам маjката, зошто ни советуваат да jа обjавуваме автономиjата на Македониjа. Ние тоа нема да го направиме.

Господине директоре, вие не водите сметка дека меѓу нас нема пpедставници на тие што имаат право да зборуваат, тие што се по планините. Вие ли сте врската со нив, со тие што утре ќе влезат со оружjе в рака во градот? Тие со право ќе кажат: кои сте вие да основате привремена влада на автономна Македониjа без нас да не прашате? Вие ли, кои цели три години танцувавте во воениот клуб, вие ли имате право на такво нешто без да сте ополномоштени од нас, кои во тоа време бевме во планината и водевме борба со бугарските и германските власти? …Затоа господа предлагам понатаму да не дебатираме по ова прашање. ‘

Господине министре, моjот став по ова прашање им беше познат и на германските воени власти и на германскиот конзул, и го ризикував животот во Скопjе поради повлекувањето на бугарските власти.

Некоj би прашал: а зошто не отиде в партизани? На тоа прашање, еден човек како мене би можел кратко да одговори: немав гаранциjа дека ќе бидам примен од нив, ниту пак сакав да бидам смешен и да се определувам во последната минута за да се наредам до тие што со месеци беа по планините. …

Великобугарин сум до толку, до колку сум можел да имам право да живеам во сопствената татковина Македониjа, слободен и невознемируван. За слободата на Македониjа сум се борел против великобугарството, за што во Бугариjа сум бил осуден на смрт и сум лежел во затвор 5 години и 4 месеци.

Ако бев великобугарин ќе се согласев на државна служба во Скопjе коjа настоjчиво ми беше нудена. Ако бев великобугарин, барем на едно државно собрание во Македониjа ќе говорев. ќе пишував во весниците за великобугарството…

Ако бев великобугарин, немаше да ги одбегнувам прославите и банкетите, иако сум бил специjално канет….

И наjпосле, ако бев великобугарин, ќе отидев на приемот во општината организиран од цар Борис. Упорно бев покануван да присуствувам, но откажав и не отидов. Тоа ќе го потврди и г. Кирил Жерновски, коj во своjство на помошник на кметот имаше наредба да ме покани.

И кога официjалните органи ми составуваа белешки дека одбегнувам од тоа, им одговарав:

‘Додека бугарските власти jа сметаат Македониjа за своjа колониjа, jас не сакам со присуството да го потврдувам тоа’. …

Како член на В.М.Р.О. Да, таков бев, и имав престапи против бившото Кралство Jугославиjа. Титовата Jугославиjа и Федерална Македониjа не можат и не треба да бараат сметка од тие кои по своjата идеологиjа се бореле против Кралска Jугославиjа. В.М.Р.О. и неговите членови не водеа борба против новата демократска Титова Jугославиjа.

Почитуван г. министре,

Интересно е да наредите едно сеопфатно истражување на моjата деjност од 1941 г. до 8-ми септември 1944 година…И ако се докажат моите полезни работи во Македониjа, да наредите да ми се врати покуќнината според приложениот список, за дa останам со добри чувства кон управителите на моjата татковина Македониjа во коjа мечтаам да живеам.

Со почит кон вас и за доброто на моjата татковина Македониjа

Софиjа 15 октомври 1945 година
Со почит,
Борис Бунев

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top