Коментари

Самоуништување од заседа – Костадинов стил

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Костадин Костадинов направи политичко самоубиство – и тоа сам, без ничија помош. Како што народот вели, сам си стави трн во нога, и тоа не од мака, туку од ароганција и заблуда. Очигледно е дека Костадинчо сè уште живее во времето на заевизмот, верувајќи дека неговиот „црпнат“ ментор ќе се појави од некаде и ќе го брани, како што некогаш го правеше – со медиумски спинови, уцени и понижување на македонската јавност.

Но тие времиња завршија.

Нема потреба ниту желба некој да го брани Латас или кој било друг новинар, јавна личност, анонимец или обичен граѓанин. Суштината на проблемот е во безобразната и крајно навредлива ароганција на еден СДС кадар, кој си дозволува да се заканува, да омаловажува, и да мисли дека интелигенцијата на Македонците е на ниво на нивниот партиски штаб – односно, непостоечка.

Додека народот трпи од нивната катастрофална економска политика, додека младите се иселуваа, а државата се распаѓаше од внатре, поранешните властодршци сè уште фантазираат дека ќе ја „врателе државата“, како некоја нивна изгубена чанта. Не сфаќаат дека Македонија не е личен имот на СДС. Македонија им припаѓа на граѓаните, кои еднаш веќе рекоа гласно и јасно: „Доста беше!“

Во секоја нормална, демократска земја, кога некој ќе се почувствува повреден од изјава на јавно лице, бара извинување, нуди контрааргументи, покренува судска постапка и така, со институции и дијалог, се стигнува до вистината. Но не и во светот на Костадинов. Наместо со збор – со закани. Наместо со вистина – со насилнички тон и тивки потпалки за линч.

Овојпат, тој удри премногу ниско. Под појас. Без стил, без достоинство и без визија. А менторот? Го нема. Се крие далеку од очите на јавноста, далеку од Македонија, можеби во Дубаи или на некое друго егзотично место каде што СДС-„реформаторите“ ги чуваат украдените народни пари.

Сега е редот на народот да проговори – и веќе проговара. Сега е редот на медиумите, на јавноста, на оние кои беа омаловажувани, замолчувани и притиснувани цели осум години. И сега, на наредните локални избори ќе биде забавно – но не за Костадин, туку за сите кои трпеа, молчеа и сега конечно ја добиваат својата шанса да кажат: „Доста беше од СДС!“

КАКО ЌЕ ЗАВРШИ СЕТО ОВА СО КОСТАДИН И СИТЕ КОМУЊАРИ КОИ ЈА КРАДЕА МАКЕДОНИЈА И СИЛЕЏИСКИ СЕ ЗАКАНУВААТ КОН МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И СИТЕ НОРМАЛНИ ПОЕДИНЦИ, НЕ Е ТЕШКО ДА СЕ ПОГОДИ, ЗАТОА ШТО НЕКОЈ ГЛЕДА И КАЗНУВА ЛОШИ ЛУЃЕ А ДОБРИТЕ ГИ НАГРАДУВА, СПОЛАЈ МУ НА ГОРНИОТ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top