Коментари

Правдата конечно се враќа во Македонија!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Никогаш досега граѓаните не почувствувале толку брзо дека државата им се враќа. Дека институциите се враќаат кај народот. Дека државниот апарат не е повеќе огледало на моќта на политички криминалци, туку инструмент за ред, правда и еднаквост.

Тоа не се зборови што ги кажуваме од навика. Тоа е реалност што почнува да се чувствува на терен. Владата ја постави правдата како неприкосновен темел на своето владеење. Без оглед кој е, од каде е и со која партија се поврзува, ако го прекршил законот, ќе одговара. И така и се случува.

Во само неколку месеци беа откочени истраги кои со години беа заташкувани. Беа тргнати заштитените лица од своите фотељи. Беше испратена силна порака дека заврши времето кога некои беа „недопирливи“. И сето тоа не како театар за јавноста, туку како суштинска промена на начинот на управување со државата.

Системот што го наследи оваа влада беше длабоко нарушен. Заевизмот не беше само политичка грешка беше модел на владеење заснован на клиентелизам, прикривање, и корупциски ланци кои ја гушеа секоја можност за развој. Тој модел сега се демонтира, чекор по чекор.

Во институциите веќе се чувствува нова енергија. Вработените имаат слобода да постапуваат според закон, а не според партиски диктат. Инспекциите почнаа да контролираат, наместо да заобиколуваат.

Сето тоа е резултат на политичка волја и визија. Премиерот Мицкоски не направи компромис со минатото. Не влезе во договарања со остатоците од криминалната елита. Наместо тоа, избра пат на конфронтација со неправдата колку и да чини.

Во оваа борба има и отпори. Тоа е очекувано. Секоја мафија ќе се бори за опстанок. Но народот гледа кој се бори за државата, а кој се обидува да го сочува статус-квото. Затоа поддршката за оваа влада расте. Затоа граѓаните се охрабрени затоа што конечно има кој да ги слушне.

Оваа влада не води политика на реваншизам, туку на правда. Не дели луѓе по припадност, туку ги обединува околу законот. Тоа е вистински пат за напредна и европска Македонија.

Да се стави ред по толку години хаос тоа не е лесна задача. Но токму тука се гледа лидерството. Да не се плашиш од вистината. Да не молчиш кога ќе најдеш криминал. Да не калкулираш со оние што вчера биле силни, а денес треба да одговараат.

Тој пресврт веќе се случува. И тоа е најголемата придобивка од новата власт, чувството дека државата конечно функционира за граѓаните, а не за партиски врхушки.

Македонија конечно има влада која не ги става работите под тепих, туку ги изнесува на виделина и која не чека дозвола однадвор за да спроведе правда, туку тоа го прави затоа што му го должи на народот.

Ова е само почеток, но е почеток во вистинска насока.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top