Коментари

Нашата вистина, нивниот срам: Европа молчи, ние сведочиме!

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Во времето кога историската вистина стана монета за поткусурување, а моралот политичка алатка за уцена, нашата обврска како Македонци е да сведочиме. Да сведочиме, да запишуваме и да потсетуваме. И кога Европа заборава особено тогаш.

Има граница што не смее да се премине. Тоа не е само политичка, туку и морална линија: линијата на вистината за холокаустот врз Евреите во Македонија, извршен од бугарските фашистички окупаторски власти. Не можеме и не смееме да премолчиме пред обидите за релативизирање, фалсификување и бришење на ова злосторство од историјата.

Затоа денес, кога Европската Унија глуми божем е храм на вредности, правда и човекови права, дозволува оваа болна рана на нашиот народ да биде исмеана, згазена и заборавена, мора да прашаме:

Европо каде си?

Европо каде ти е правдата?

Бугарите сакаат да не натераат да прифатиме „една заедничка историја“? Но, како да споделиме историја со оние што ги укинаа пресудите за воени злосторства? Како да напишеме заедничка приказна со оние чии претставници во Европскиот парламент и денес отпоздравуваат со нацистички поздрав, додека Брисел премолчува?

Ние не ја бараме вината на денешна Бугарија, туку правдата што е предолго потиснувана.

Бараме признавање на неоспорните факти: дека 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во Треблинка со знаење, логистика и организација на бугарските фашистички власти. Дека 11.300 Евреи од Македонија, Тракија и Пирот завршија во логори на смртта. Дека тоа е дел од историската вистина, не на Македонија, туку на светот.

Бараме извинување, како што тоа го направи Франција, како што тоа го направи Германија, како што тоа го направија многу земји што имаа храброст да се соочат со своите темни страници од минатото.

Бугарија не само што не се извини, туку ги укина пресудите против злосторниците.  Го слави цар Борис III човекот кој дал зелено светло за депортациите.

Го поништува делото на вистинските антифашисти, македонските борци, и се обидува да се претстави себеси како спасител. Тоа не е само ревизија на историјата тоа е негирање на злосторството.

Ние не смееме да молчиме. Молкот е соучесништво. А нашата историја не е на продажба. Ние сме должни на сите оние кои заминале во Треблинка, без гроб и без споменик. Должни сме им на нашите предци, на вистината, на идните генерации.

И тука ќе бидеме кристално јасни: Додека Бугарија не се извини за својата улога во холокаустот, не може да бара привилегии, ни историски, ни политички, ни уставни.

Македонија не може да гради Устав врз заборавот на своите маченици. Бугарите во Македонија ќе бидат дел од Уставот само кога Бугарија ќе ја прифати вината и ќе покаже вистинско каење не декларативна, туку конкретна.

На крајот можеби Европа ќе остане слепа и глува, но ние ќе останеме исправени, Болката е наша! Вистината е наша, и не можат да ни ја одземат!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top