Коментари

Кога лицемерието на СДС зборува за правда!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Во политика, како и во животот, има моменти кога тишината зборува повеќе од зборовите. Но има и моменти кога не можеш да останеш нем, кога лицемерието станува толку гласно, што мора да му се одговори.

Таков е моментот денес, Филипче  претседателот на СДС се обидува повторно да ја замачка вистината, тврдејќи дека секогаш, „биле повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост“.

Да беше така, Македонија денес ќе беше држава во која секој млад човек би имал шанса да успее, а не држава од која млади, лекари, инженери и работници си заминуваат со билет во еден правец. Да беше така, немаше да имаме уништено здравство, уништени институции и распаднати вредности.

Каде беше „еднаквоста“ кога фирмите блиски до власта добиваа тендери од милиони евра за маски, компјутери и патишта кои никогаш не се завршија?

Каде беше „слободата“ кога ја прифатија најпонижувачката форма на бугарскиот диктат, нарекувајќи го „договор за добрососедство“?

Не, тоа не беше движење за правда и еднаквост, тоа беше режим на привилегирани, систем во кој партиската книшка вредеше повеќе од знаењето, трудот и чесноста.

Тие што денес зборуваат за „држава-дом за сите“, ја претворија Македонија во дом само за своите блиски, додека обичниот народ се бореше за достоинствен живот.

Но времињата се менуваат. Народот повеќе не верува во слатки зборови и празни ветувања. Македонецот научи да препознае што е вистинска борба за правда и што е политичка фарса.

Денес, Македонија има потреба од нова енергија, од луѓе кои не живеат од минатото, туку се борат за иднината. Од движење што навистина ќе ја направи државата дом за сите, со дела, не со лаги и пароли.

Затоа, кога тие зборуваат за правда, граѓаните имаат право да прашаат:

Каде беше таа правда сите овие години? Кога тие од СДС зборуваат за еднаквост, ние треба да ги потсетиме: Еднаквост не значи сите да бидат сиромашни освен партиската елита.

Македонија заслужува повеќе.

Заслужува луѓе што ја сакаат, а не ја користат.

Заслужува лидери што служат, а не владеат.

И токму затоа, времето на лицемерието од СДС завршува, започнува времето на вистината, правдата и народната волја. Тоа народот ќе им го каже на локалните избори многу наскоро!

Зарем некој сеуште верува дека во СДСМ има нешто патриотско?

Затоа е важно на 19 октомври да заокружиме 9 за да победи Македонија.

559118831 4288095558181292 1122671306146679800 n

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top