
Зоран Заев, поранешен премиер и лидер на СДС, повторно се обидува да ја наметне сликата на „морален спасител“, иако зад себе остави политичка пустош, држава сменето име и идентитет, поделен народ и држава во длабоки долгови.
Кога човекот што ја задолжи државата, ја продаде националната гордост и го уништи економскиот систем се појавува да зборува за чесност, тогаш знаеме дека лицемерието во политиката ја достигнало својата кулминација.
Само неколку Афери кои ја обележаа неговата власт
Поткуп – барање мито од 160.000 евра за легализација на земјиште во Струмица; заврши без вистинска правна одговорност.
Глобал (Струмица) – фирма во сопственост на семејството Заеви добива јавни тендери и поддршка додека тој е градоначалник и потоа премиер.
Рекет – најголемата афера во поновата историја, во која блиски луѓе до Заев уценуваа бизнисмени со милиони евра под „заштита“ на СЈО.
Марихуана за привилегираните – легализација на канабис со дозволи дадени на партиски спонзори и роднини.
Модуларната болница во Тетово – трагедија со 14 жртви и сомнителен тендер за фирма блиска до власта.
Енергетски договори и Турски тек – милионски зделки склучувани без јавни конкурси, со посредници блиски до партијата.
Пазар со правдата – селективна правда, притисоци врз обвинителството и политички договори зад затворени врати.
Бугарскиот договор – национално понижување и уцена со македонскиот идентитет.
Дубаи и офшор капитал – медиумски истражувања за луксузен имот и финансиски траги на пари изнесени преку посреднички фирми.
Семејни фирми во државни зделки – системска клиентела и злоупотреба на јавните ресурси во интерес на блиски лица.
Под паролата „Живот за сите“ во негово време на владеење, Македонија доби:
-Раст на јавниот долг,
-Масовно иселување на млади,
-Корупција во секој сектор,
-Понижување на државните институции
-Национален идентитет ставен под прашање,…
Народот остана со празни ветувања, додека привилегираните околу Заев си набавија глисери, мотори, изградија згради и хациенди далеку од реалноста на македонскиот граѓанин.
Зоран Заев ќе остане во историјата како политичар кој ја злоупотреби довербата на народот и ја претвори државата во експериментален терен за личен и негови блиски профит и странски интереси.
Неговиот „живот за сите“ се претвори во живот за малкумина на грбот на сите други.
Македонија веќе ја научи најтешката, но највредна лекција: Зоран Заев во македонската политика – никогаш повеќе!