Коментари

На 19 октомври да гласаме за број 9!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Има една народна приказна: мижи Асан да ти баам, ама во денешно време, Асан-народот, „мижи’ со отворени очи и се гледа и се памети, ништо не заборава.

Народот гледаше со години наназад како власта на СДС и ДУИ се оддалечуваше од народот, заради личен интерес.

Народот гледаше како правдата стана привилегија за избраните, а неправдата секојдневие за обичниот човек.

Народот гледаше како чесноста се претвора во луксуз, а лагата во политика.

Народот гледаше како функционери зборуваа за морал, а живееја во луксуз, а Тој, народот, го плаќаше со сопствената мака.

Народот гледадаше како граѓаните стоеја во редици пред болници.

Народот гледаше како родителите со солзи ги испраќаа своите деца во туѓина со билет во една насока.

Народот не заборава како живеел. Не заборава кој го изневерил. Не заборава за предавствата, за неисполнетите ветувања, за потценувањето.

А челниците од СДС и ДУИ мислеа дека, Асан-народот „мижи“ ништо не гледа и се ќе заборави, ќе прости, ќе се навикне. Но тоа беше нивна најголемата заблуда.

Тоа не беше само политичка грешка, тоа беше болка. Болка што се собираше со години, тивко, но сигурно. И сега, таа болка се претвора во народен гнев.

И тој гнев ќе стане громогласен на 19 октомври, како порака дека Асан-народот не „мижел“, се гледал и ништо не заборавил.

3333

На 19 октомври, народот ќе зборува преку гласот на секоја мајка, на секој пензионер, на секој млад човек кој сака подобра иднина, тука, дома, во татковината, во Македонија.

19 октомври, нема да биде само обичен изборен ден, туку народен референдум.

Затоа, на 19 октомври, сите масовно да излеземе и да гласаме за кандидатите за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција.

Со заокружување на бројот 9 гласаме за работа, за чесност, за достоинство.

Ден кога ќе кажеме, ДА, бројот 9 беше вистинскиот избор!

На 19 октомври ќе гласаме за Човек, за нашиот град, за нашето место, за нашата улица, за нашето маало.

А вечерта, кога ќе ги слушнеме резултатите, ќе можеме со гордост да кажеме: Ние гласавме за нашата иднина!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top