Коментари

Ламбе Арнаудов: ОРГАНИЗАЦИЈА ВЕ ПОВИКУВА

lambe-arnaudov

1v-Lambe

Ламбе Арнаудов

Верни синови на ОРГАНИЗАЦИЈАТА, вечни борци за светата КАУЗА, почитувани ВЕТЕРАНИ, продолжувачи на делото, секогаш сите до еден поредени во првиот ред, бедем одбрана на татковината МАКЕДОНИЈА, лојални и непоколебливи, извор на вечна инспирација за младите, како и секогаш, а и кого друг да повика ТАТКОВИНАТА ако не ВАС тврдокорните: ВЕ повикува да го зададеме конечниот удар врз здружените непријатели, кои што навидум едни лесни, пријателски, демократски спроведени локални избори се обидоа да ги подигнат на ниво на разурнувачки поход за рушење на легална и истовремено извонредно успешна демократски избрана власт.

16-veterani 38 copy

Црнилата на нивната најцрна кампања, невидена до сега, далеку заостанува зад нивните крајни цели, разнебитување на татковината, страв, мрак и црнила испорачани на мирољубивиот смирен и културен народ.

Но, тој народот, на првот круг од локалните избори им залепи таква шлаканица што уште 20 години нивните ѓон образи ќе црвенеат, а во ушите ќе им одѕвонува сенародната порака – казна: МАРШ да ве нема!

Во тоа име како и секогаш сплотени во вечна симбиоза со граѓаните, од благодарност кон нив величествените за ШУТ – картата од првиот круг, сега истата да ја потврдиме, завршиме на 2 ноември и народот засекогаш да се ослободи од овие непријателски обоени елементи и душмани на демократијата, но силни поддржувачи на насилство и приврзаници  на темнината наспроти светлината на денот.

Да излеземе сите со своите семејства, комшии, познати, пријатели, роднини, војнички другари на 2 ноември, да го заокружиме бројот 9 и да бидеме непосредни учесници – херои на ова своевидно бескрвно демократско востание и да се ослободиме од нив, политички, засекогаш.

МАКЕДОНИЈА ТОА ГО ЗАСЛУЖУВА!

Vistinski Izbor copy copy

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top