Коментари

Македонските граѓани покажаа мудрост и срце, ја избраа иднината на Македонија

1Mane

9-mane 7 copy copy copy

Мане Јаковлески

Резултатот на последниве локални избори не се само политичка победа, тие се народна победа, победа на чесноста, на трудот и на обединета Македонија. Македонските граѓани уште еднаш покажаа дека никој не може да ја потцени неговата свест, мудрост и чувство за правда.

На последните локални избори, народот гласаше не со страв, туку со гордост. Со глава исправена и срце полно со љубов кон својата татковина, избра луѓе, а не партиски интереси, избра чест, работа и резултати, а не празни ветувања и лаги.

Секој глас даден за новите градоначалници е глас за новото лице на Македонија, држава што се буди, што се обновува, што повторно верува во себе. Од Скопје до Битола, од Куманово до Охрид, од Прилеп до Гевгелија, граѓаните испратија јасна порака: Доста беше со понижувања! Доста беше со поделби! Македонија има свој пат!

Таа порака е доверба кон човекот кој ја врати надежта во народот, Премиерот Христијан Мицкоски. Во само 15 месеци на чело на Владата на Република Македонија, Мицкоски направи повеќе отколку што други не направија за цели децении.

Под негово водство, економијата повторно дише, платите растат, пензиите се зголемени, се отвораат нови работни места. Владата покажа дека знае како да ја зајакне домашната економија, како да го поддржи земјоделецот, работникот и младите кои сакаат иднина во својата земја, а не билет во еден правец.

Во надворешната политика, Македонија повторно доби достоинство. Се брани името, идентитетот и честа на македонскиот народ. Денес, на меѓународната сцена, Македонија не е повеќе тивок слушател, туку држава што со гордост го кажува својот став, без потклекнување и без компромиси што ја навредуваат државата.

Во инфраструктурата, државата се менува пред очи. Се градат нови автопати, патишта и водоводи, канализации, се реконструираат училишта, детски градинки, болници, се привлекуваат нови странски инвестиции,… Македонија повторно станува градилиште на надежта.

Оваа влада не е влада на зборови, туку на дела. Се намалија долговите што со години ја гушеа државата, се воведе ред во јавните финансии, а државната каса конечно се полни од работа, а не од корупција. Владата покажа дека честното работење не е слабост, туку сила!

На овие избори се случи нешто уште поважно, заврши времето на поделби по национална основа. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци и сите останати, сите гласаа со ист глас и со ист сон: подобар живот во праведна, силна и обединета држава.

Тоа е резултат на новата политичка култура, изградена врз почит, партнерство и визија, што ја градат пред се’  раководството на ВЛЕН на чело со Изет Меџити и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на РМ Христијан Мицкоски.

Тие покажаа дека кога има доверба и чесност, граѓаните во Македонија не се делат, туку се обединуваат. ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ и останатите коалициони партии заедно покажаа дека иднината не припаѓа на поделбите, туку на соработката. Дека Македонија може да биде држава во која секој ќе се чувствува почитуван, и каде љубовта кон татковината не се мери по етничка припадност, туку со дела и чесност.

Овие избори се повеќе од победа. Тие се доказ дека Македонија конечно проработе како едно срце, со една мисла и една цел. Денес Македонија стои исправена, со премиер што не се продава, со народ што не заборава, и со иднина што се гради со пот, љубов и вера.

Оваа победа не е само политичка, таа е народна победа, победа на сите граѓани, без разлика на вера и нација, што веруваат во работа, во чесност и во Македонија што ќе остане на своето, горда, достоинствена и независна.

Македонските граѓани покажаа мудрост, избраа човек, избраа пат, избраа иднина, ја избра заедничка Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top