Коментари

Заев и Филипче се симбол на политичка и морална распаднатост!

701 copy

11-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

СДС мора да се ослободи од своите сенки!

Во секое демократско општество, опозицијата има суштинска улога, таа не постои само за да критикува, туку за да коригира, да понуди алтернатива и да биде совеста на власта.

Во Германија, по секој изборен пораз следи оставка и внатрешна реформа. Во Франција, политичарите со нарушен кредибилитет не можат да се појават на телевизија без да бидат исвиркани. Кај нас, истите луѓе со години се претставуваат како „ново лице“, а единственото што се менува е фразата во прес-конференциите.

И додека Македонија се обидува да тргне напред, СДС останува закована во минатото, заробена од двајца луѓе, Зоран Заев и Венко Филипче кои станаа синоним за политички пад и морална деградација.

Заев од “живот за сите” до живот за своите, е најјасниот пример како човек може да ја потроши довербата на цел народ. Тој беше надежта на многумина, симбол на промена по „мрачното“ владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Но наместо промена, донесе клиентелизам, криминал и непотизам. Под негово водство, Македонија не доби ни правда, ни реформи, доби промена на уставното име, знаме,…предавства и нови богати елити.

Ако Заев ја симболизира потрошената политика, тогаш Венко Филипче е арогантен, самобендисан и без грам самокритика. Под негово “водство”, СДС изгледа како болница во хаос, без систем, без визија, со изгубена доверба. Луѓето не му веруваат, бидејќи во неговиот настап нема ни капка искреност, сè е глатко, полирано, соучеснички. Филипче не е политичар кој обединува, тој е човек кој дели, кој ја брани старата гарнитура и старите навики на шепотење зад затворени врати.

Заради Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои со години ги водеа Филипче, Ковачевски и Заев, денес им се враќаат како бумеранг. Народот на последните локални избори јасно ја покажа својата пресуда, доста беше манипулации и лични интереси.

Венко Филипче продолжува да зборува за „реформи“, а во суштина сè е исто, истите луѓе, истите интереси, истите лаги. А кога партијата станува затворен круг од луѓе што се штитат меѓусебно, таа престанува да биде опозиција и станува картел на интереси.

СДС мора да се ослободи од старите лица ако сака да преживее, тоа не значи само промена на имиња, туку и промена на свест. Да се врати моралот, да се вратат принципите, да се врати политиката во служба на народот и државата.

Кадровски промени во моментов нема, не затоа што нема луѓе, туку затоа што никој не сака да биде дел од тимот на Филипче, кој ја доведе партијата до историски најниско ниво.

Ако СДС не ја исчисти својата партиска авлија, ќе биде казнета со политичко непостоење. Затоа, реформа е прашање на опстанок. Ако тоа не се случи, СДС ќе остане партија од минатото, сенка на она што некогаш претставуваше.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top