Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

9.9

9.9

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија, Никола Димитров, контраверзниот Преспански договор. Овој договор, штетен за македонскиот народ, е потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц, со што е заменета Привремената спогодба во Њујирк од 13.09.1995 година.

Неколку дена пред да биде потпишан Преспанскиот договор, преку „Македонска нација“  (13 јуни 2018 год.) се огласи еден од оснивачите на ВМРО ДПМНЕ, Манојил Мане Јаковлески, кој осврнувајќи се на штетноста на договорот ќе напомене дека одржувањето на референдумот во септември претставува како „тапани после свадба“ и дека Зоран Заев со својата политика „наместо портите на рајот, ги отвори портите на пеколот“.

Денес, кога Заевистите повторно се обидуваат да состават влада, се навраќаме на овој текст објавен и во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, со цел за да се потсетиме на предавствата на петта колона и што може од нив да очекуваме во иднина за да не бидеме изненадени. Инаку, во своето обраќање до јавноста во врска со референдумот кој тогаш беше предвиден за на есен истата година, Мане Јаковлевски тогаш во текстот под наслов „ТАПАНИ ПОСЛЕ СВАДБА“ ќе напише:

„Да ми кажуваше некој деведесеттите години кога ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ и кога прогласивме самостојна држава, немаше да му верувам дека денешнава генерација на македонски политичари ќе извршат невидено предавтсво врз сопствениот народ и држава.

По речиси едногодишни преговори Премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас ни договорија ново име за севкупна употреба – Република „С“  Македонија (Republic of North Macedonia). Според овој договор јазикот е македонски (кој припаѓа на славјанската група јазици), а националноста – граѓани на Северна Македонија.

Како што е предвидено со договорот меѓу владите на Грција и Македонија, македонскиот народ ќе биде прашан на референдум, кој би се одржал во септември или октомври.

Меѓутоа, Референдумот кој е предвиден да се одржи на есен, претставува како тапани после свадба.

Откако ќе се заврши главната работа, безполезно е потоа да се праша народот дали сака да си го смени уставното име, а со тоа и идентитетот. А сето тоа само заради влез на Македонија во ЕУ и НАТО, односно заради туѓи геополитички и геостратешки интереси.

Иако, Заев се обидува овој договор да го претстави пред македонската јавност како победа, тој претставува пораз и на македонскиот народ му нанесе невидена штета. Со овој договор Зоран Заев на Грците им даде се што побараа. Со прифаќањето на промена на уставното име за надворешна и внатрешна употреба, што значи дури и промена на името на сите општествени и културни институции – тотално обезличување на македонскиот народ –Заев без овластување потпиша капитулација.

Заев ја одработи својата работа за туѓи интереси.

Без разлика на договорот меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за новото име на нашата земја, без разлика дали овој договор ќе го ратификуваат собранијата на двете земји и дали ќе помине на референдум, ваквата надворешна политика на македонскиот премиер ѝ нанесе непроценлива штета на Македонија.

Тој пред светот, пред сите оние држави кои ја признаа Македонија под уставно име, го прикажа македонскиот народ дека е без кичма, без национална гордост, односно дека не постои македонска нација.

Наместо портите на рајот, Зоран Заев со својата политика ги отвори портите на пеколот.

Заев го врати македонскиот народ не само во деведесетите години на минатиот век, кога беше донесена привремената референца, туку во време на Мировниот договор во Букурешт 1913 година, кога не се признаваше постоење на македонски народ и јазик и кога неговата земја, етногеографската целина на Македонија, без да се почитува волјата на Македонецот, беше поделена.

Зоран Заев во текот на овие преговори ги погази идеалите на многу македонски поколенија, ги погази и придобивките од Илинден 1903 и 1944 година, како и септември 1991 година. Тој со овој договор избриша се` што со генерации македонскиот народ изградил.

СДСМ предводена од Зоран Заевпо кажа дека не е способна да ги одбрани интересите на државата. Таа се стави над македонскиот народ, кој според сите анкети е против промена на уставното име.

Сите ние имаме свое гледиште на светот, мене ако некој ме праша, тогаш би рекол предадени сме, или продадени сме. Да си го предадеш својот народ, својата држава тоа е или не си нормален, или си платен дебело да го извршиш ова велепредавство.

Неодамнешниот митинг на кој шеесет илјаден народ рече НЕ за промена на уставното име покажа дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може да го канализира тоа незадоволство. Затоа ВМРО- ДПМНЕ има морална одговорност да ја спречи погубната политика на Заев, пред да стане доцна, можеби е веќе и предоцна.“

(продолжува)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top