Коментари

Младите, чувари на Македонската иднина!

2

16-veterani 38 copy copy

Постојат (не)луѓе кои не ѝ посакуваат добро на Македонија, тоа се тие што и најдоброто го претставуваат како лошо. Луѓе кои белото го нарекуваат црно, а црното го прават уште потемно. Тоа се луѓе што никогаш не ја почувствувале Македонија како своја. Никогаш не ставиле дел од себе во темелите на оваа земја.

Тоа се луѓе без љубов кон татковината, без храброст да обединат, и верувајте, ништо од тоа не е случајно. Нивната цел е да ги разочараат младите, да ја напуштат земјата, а Македонија да остане празна и немоќна.

Секојдневно на социјалните мрежи, а во источна Македонија, и на билборди се појавуваат пораки, „Замини надвор“, „Таму има подобра заработувачка“, „Овде нема иднина“,… толку многу ветувања за брзо богатење и полесен живот, што човек може да поверува дека напредокот постои само ако ја напуштиш татковината.

Заради сето тоа, денес, повеќе од кога било, е важно да не дозволиме песимизмот да ја ослабне вербата на младите кон државата.

Нашите предци имале далеку потешки времиња. Некои ја бранеле татковината со пушка, други со перо, со рало, со занает, со молитва и со непокорлив дух. Многумина го положиле својот живот за да постоиме ние денес, за да имаме држава, можеби сеуште не е совршена, но наша е. Држава која на сите ни припаѓа, а на младите ќе им биде оставена во наследство, како Аманет, да ја чуваат и да ја градат.

Паролата „да бегаме“ е пораз, не е решение, не е македонски дух. Денес кај младите е честа, но и света должност да ја продолжат нивната мисија. Не со оружје, туку со знаење, со труд и со љубов кон земјата која ги родила. Земја која мора да ја оставиме подобра за оние што ќе дојдат по нас.

Создадете семејство, создадете поколение, само така, еден ден, ќе можете со полна душа да се свртите назад и да кажете: „Направив нешто вистинско, нешто што остана, што ја продолжи мојата лоза, во мојата земја.“

Ниту парите, ниту туѓината не можат да го заменат чувството да гледате како растат вашите деца и внуци, во своја земја, со свој јазик, со своја историја, со своја гордост. Децата не се товар, децата се благослов. Тие се иднината, силата и продолжението на нашата држава. А Македонија ја заслужува вашата енергија, вашата љубов, вашата верба и се надева на вас младите, идните градители и бранители.

Верувајте во своите способности, а не во лажни ветувања.
Никаде никој нема да ве чека со раширени раце, и таму сè почнува од нула, со истите борби како овде.

Македонија има потреба од лекари, инженери, занаетчии, информатичари, земјоделци, наставници, претприемачи, од сите вас. Секој ваш успех е ваша победа и победа за државата. Бидете активни, вклучете се во иницијативи, волонтерство, локални проекти.

Промените не доаѓаат сами, Младите се тие што можат да ги забрзаат, кога младите се движат, се движи и државата, не се плашете од работа, никаде не е лесно. Градете ја својата иднина тука, во Македонија!

И во Германија, и во Швајцарија, и во Америка, почетокот секогаш е тежок, верувајте во себе а не во лажни ветувања, никој надвор не ве чека со раширени раце. Таму почнувате од нула, овде имате корен, име, татковина.

Нема на светот место каде што ќе бидете свои на своето, останете тука и создадете ја вашата приказна, во нашата Македонија!

Знам дека сте разочарани од некои политичари од минатото, но денес Македонија има нова генерација политичари кои со чест, работа и чесност ја водат државата. Под водството на премиерот Христијан Мицкоски, тие се борат да исправат неправди, да создадат правда, ред и стабилност. Луѓе кои го ставаат општото над личното, кои вложуваат последен атом сила за Македонија конечно да стане успешна, достоинствена и силна, онаква каква што ја сонуваме со децении.

Ние, повозрасните, ги оставивме годините зад себе, но не и идеалите. Нашата сила можеби бледее, но Аманетот не. Затоа едно прашање денес ми одекнува погласно од кога било:

Ако младите заминат, кој ќе го продолжи Аманетот?
Кој ќе го носи идеалот, визијата и љубовта што ги втемеливме во оваа држава?

Почитувани млади, градете ја својата иднина тука, во Македонија!

Оваа земја не е точка на картата, таа е дом, чувство, корен, иднина. Македонија е држава што вреди да се сака, да се гради, да се чува и да се брани.

Запомнете: Македонија не може без вас младите, а вие не можете без Македонија, нема место во светот што ќе ве прифати како свои.

Останете тука, градете ја вашата приказна овде, Македонија нема светла иднина без вас, а со вас има сè!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top