Коментари

ЗАЕВ ГО НЕМА, ЗАЕВИЗМОТ СТО`A

lambe-arnaudov

1v-Lambe copy copy

Ламбе Арнаудов

 “Не ми е жал што волците ми ги изедоа овците, жал ми е што КУЧИЊАТА што требаше да ги чуваат им се придружија на волците.“

Дефинитивно, оваа стара поговорка кристално јасно ја отсликува повеќегодишната состојба, поточно криза во редовите на СДСМ и затоа јас се прашувам: Каде сте СДСМОВЧИНА, кај отидовте, ОД вас плачат МАКЕДОНЦИТЕ, ОД вас плаче МАКЕДОНИЈА?

Постхумно, изразувам длабоко извинување на покојниот Александар Сарев и неговата брилијантна и истовремено трогателна изведба на песната “КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА?“ во далечната 1987 година, а и на креаторот Бранко Ѓоргиевски-Кецовски.

Длабоко и искрено жалам што ја употребив оваа песна како АНТОНИМ на отсликувањето на состојбите во СДСМ како реченица со силно спротивно значение.

Песната “КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА?“ во таа далечна 1987 година отвори нови сознанија за тешката и трагична судбина на напатените браќа МАКЕДОНЦИ од БЕЛОМОРИЕТО, страдања, егзодуси, отргнувања, плач, лелек и најстрашното во сето тоа принуден и наметнат заборав.

Триесет (30) години подоцна “јубилејно“ еден тежок предавник, каков што македонската историја и историографија не памети, потпиша капитулација и им ги продаде сеќавањата, детските игри, среќните семејства ги раздели, ги остави без детска игра, мајчин јазик без историја, без имот, место насмевка тажен поглед, без минато, сегашност и иднина.

Сето тоа што не е негово предавникот Заев галантно го подари на душманите.

Што е најважно, доброволно и без принуда, не правејќи никаков отпор, игнорирајќи ја поддршката што му беше пружена од сиот МАКЕДОНСКИ НАРОД, од сите страни каде и да се.

Сега, таквата идеологија – квислиншка, цвета во СДСМ и им е ѕвезда водилка во истрајноста и определбата да го изодат овој за нив безбеден пат, а за МАКЕДОНЦИТЕ крвав, што води до конечно исчезнување.

И, сето тоа поминува со молчење, без реакција, без трошка осуда или барем јасно искажано несогласување.

Зоране, твојот антицивилизациски чин, ги распршти надежите и убедувањата на прогонетите, од ЛОШИ ЛУЃЕ како тебе пред 80 години, дека во СУВЕРЕНА САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ќе ја пронајдат личната и колективна правда за себе, своите семејства, своите сонародници, европска и светска дијаспора, цел еден старозаветен народ, кои и што ти безмилосно ги спакува во неколку безвредни листови хартија.

Го збриша НАРОДОТ кој ти веруваше, а ти на ваков начин на неговите тешки лузни му отвори нови уште потешки рани, што бараат долготрајно лекување.

 “Докторите“ се тука, успешно ја лекуваат болната МАКЕДОНИЈА која ти тешко ја рани и избега кукавички. Ќе ја излечиме, веќе е здрава на нозе и со исправена кичма граби напред кон блескава иднина благодарение на луѓето, сите граѓани, чесни и поштени, во МАКЕДОНИЈА предводени од ВМРО-ДПМНЕ со лидерот Христијан Мицкоски на чело.

Овие денови низ главата ми поминуваат имиња и ликови, чесни, солидарни, не посрамотени членови и видни раководители на СДСМ од некои далечни подруги времиња со кои можеше да се разговара и договара. Сега сте потребни да се зададе конечниот удар на заевизмот и да се разобличи, распадне монструмот, Франкештајн-политичарот Заев.

Сега, додека неговата “доктрина“ не ви преминала во навика и додека сé уште има време да му се застане на неговиот уништувачки поход кон сé што е македонско.   

Должни сте тоа да го направите затоа што сите вие не така одамна вградивте по некој “ваш“ дел во “монструмот“ не очекувајќи ваков расплет, што за жал и вас не ве амнестира како соучесници во ГИБЕЛОТ.

Излезете од доброволниот долготраен карантин што сами си го определивте мислејќи дека луѓето не знаат, а со вашето молчење никогаш нема да разберат. Сé се знае.

Сé додека така се однесувате сте обременети со истата НАРОДНА ОСУДА како вашето РОЗМАРИНО НЕПОСЛУШНО БЕБЕ кое сами го создадовте.

Имате умствен потенцијал, имате сила, што е најважно, имате поддршка од вашите – симпатии од сите.  

Ослободете се од тешките духовни пранги што ви ги ставија на рацете и нозете, жичаната мрежа на вашите мозоци, ослободете го вашиот креативен дух. Не смеете да бидете заложници во играта каде што единствениот влог е МАКЕДОНИЈА.

Ослободете се од “Франкештајн“, ослободете се од неговите следбеници неколкумина окупатори на мислењето од Правниот факултет, корумпирани политичари, новинари мегафони, малкумина отровни со дебели полициско судски досиеја во заштитените фиоки на корумпираните обвинители.

Запрашајте се што овие мрачни типови оставиле зад себе освен пустош, омраза и предавства. Тргнете по својот пат без да ја преиспитувате вашата совест дали ова, што сум сигурен, дека ќе го направите е најдоброто за вас, за социјалдемократијата, за МАКЕДОНИЈА.

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ И ПОЧНЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top