Коментари

„Македонија 2030“- ВИЗИЈА ШТО ГРАДИ ДРЖАВА

24 copy copy

      24 copy copy

Усвојувањето на документот: „ВИЗИЈА ШТО ГРАДИ ДРЖАВА-Македонија 2030“ на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци отвори нова политичка и стратешка дебата во Македонија.

За првпат на политичката сцена се појавува документ кој не се занимава со дневна политика, партиски калкулации или изборна реторика, туку со долгорочна стратегија на државата.

Она што го прави овој документ значаен е контекстот: години на институционален колапс, корупциски скандали, политичка нестабилност, масовно иселување и геополитичка ранливост создадоа услови во кои на Македонија повеќе од било кога ѝ е потребна визија, план, стратегија и систем.

„Македонија 2030“ мора да се анализира како обид да се врати државноста во центарот на политичкиот процес.

Од години на распад кон стратегиска консолидација

Последната декада беше обележана со драматични промени: пад на довербата во институциите, системски корупциски афери, партизација на државата, аморфна надворешна политика и гаснење на националниот ентузијазам.

Државата влезе во циклус на импровизации. Секоја влада се занимаваше со гасење пожари наместо со долгорочно планирање. Институциите служеле како продолжена рака на партиските штабови, а не како столбови на државноста.

Во таков амбиент, објавувањето на документ што ја дефинира државната насока до 2030 година претставува политички пресврт: од дневна политика кон национална стратегија.

Овој документ e пораkа дека Македонија мора да престане да биде држава на привремени решенија и да стане држава со визија, стабилност и стратегиски капацитет.

Столб 1: Институционална реконструкција – Крај на заробената држава

Првата и најважна точка е реформата на институциите. Визијата Македонија 2030 јасно признава дека државата не може да функционира додека институциите се:

  • партиски зависни,
  • непрофесионални,
  • потчинети на интереси наместо на закони,
  • структурно нефункционални поради кадар избран по „врска“, а не по компетентност.

Документот предлага системска департизација:

  • администрација врз основа на заслуга,
  • професионални регулатори,
  • транспарентни механизми на одговорност,
  • јасни протоколи за ефикасност и мерливи резултати.

Овој пристап е политички значаен бидејќи за првпат ја поставува институционалната реформа не како технички, туку како државотворен приоритет. Со други зборови: Без функционална држава, нема државна политика, нема економски раст, нема иднина. Оваа теза е суштината на стратегијата.

Столб 2: Економија заснована на продуктивност – Од преживување кон развој

„Македонија 2030“ ги адресира трите најголеми слабости на македонската економија:

  1. ниска продуктивност,
  2. технологиски заостанат модел,
  3. зависност од ниски плати како конкурентска предност.

Документот предлага премин кон економија базирана на знаење, технологија и инвестиции, неколку елементи се важни:

1. Градење на конкурентни индустрии

Македонија мора да создаде области во кои има предност: енергетика, ИТ, производство со висока додаден вредност, напредни материјали, земјоделие со технологија, логистика, фармација.

2. Стратешки инвестиции

Годините наназад видовме инвестиции базирани врз лични договори, партиски интереси и краткорочни пресметки. Стратегијата предлага:

  • предвидлива деловна клима,
  • владеење на правото,
  • даночна стабилност,
  • долгорочни гаранции за инвеститорите.

3. Економски модел што го задржува човекот дома

Економијата е директно поврзана со демографијата.
Македонците не заминуваат само од сиромаштија, туку од чувство дека нема иднина. Затоа стратегијата инсистира дека економскиот раст мора да биде поврзан со:

  • повисоки плати,
  • професионални работни места,
  • фер систем.

Ова е политички и државотворно клучно: Економијата не смее да биде алатка за власта, туку двигател на општеството.

Столб 3: Демографија е најостриот аларм на државата

Ако постои прашање што директно ја загрозува иднината на Македонија, тоа е демографскиот колапс. Визијата Македонија 2030 го поставува ова прашање како стратегиски приоритет.

1. Масовното иселување беше политички симптом

За време на политичката криза, младите си заминуваа не поради случајна миграција, туку поради недоверба во државата. Тоа беше најјасниот доказ за распад на системот.

Стратегијата:

  • без стабилна држава, нема население;
  • без население, нема економија;
  • без економија, нема држава.

2. Семеjни и повратни политики, Стратегијата предлага:

  • финансиска поддршка за млади семејства,
  • политики за зголемување на наталитетот,
  • програми за враќање на иселените,
  • интегрирање на дијаспората во економскиот развој.

3. Демографијата како национална безбедност

Демографскиот пад не е само социјално прашање, тоа е прашање на опстанок, документот испраќа порака: Македонија или ќе го сопре иселувањето или ќе стане демографски празна држава со нестабилна иднина.

Столб 4: Образование – Реформа што создава генерации, не дипломи

Образованието е поставено како двигател на економскиот и општествениот развој. Последните 15 години образовниот систем стана закрпен модел:

  • брзи реформи без концепт,
  • масовно фабрикување дипломи,
  • пад на квалитетот,
  • недостиг од компетенции што ги бара пазарот.

Стратегијата предлага:

  • модерни наставни програми,
  • дигитални алатки,
  • професори со повисоки стандарди,
  • поврзување на факултетите со индустријата,
  • стимулирање на истражувачка дејност.

Ова е политички важно бидејќи за првпат некој документ ја признава коренската врска: силно образование, силна економија, силна држава. Без образовна реформа, ништо од другото нема смисла.

Столб 5: Национален идентитет – Стратегиска константа на државноста

Овој дел од документот е политички најчувствителен. По години на притисоци, надворешни условувања и идентитетски отстапки, стратегијата вели: Македонија мора да ја зајакне својата културна, јазична и историска вертикала.

Овој став е важно формулиран:

  • државата мора да инвестира во културата,
  • да го зачува историското наследство,
  • да ја афирмира македонската национална приказна,
  • да развива дипломатски механизми за заштита на националниот идентитет.

Ова не е затворање во себе. Ова е јасна порака дека, државата со молчење ја губи својата позиција. Ако Македонија не ја брани сопствената историја, култура и јазик, никој нема да го направи тоа.

Столб 6: Безбедност и надворешна политика, Македонија како стабилен играч

Геополитичката сцена до 2030 година ќе биде турбулентна. Затоа важноста на безбедносниот дел од стратегијата е огромна.

Документот предлага:

  • модерна армија,
  • дигитална безбедност,
  • силни институции,
  • професионални служби,
  • активна, а не пасивна дипломатија.

Политички, овој дел е реакција на годините кога Македонија беше регионално маргинализирана и внатрешно нестабилна. Во „Македонија 2030“ се предлага модел: држава со јасни ставови, стабилни партнерства и национални интереси што се почитуваат.

„Македонија 2030“ претставува документ со кој државата повторно добива компас. По години на институционален распад и демографска празнина, државата нема друг избор освен да почне да планира, или да исчезне во својата инерција.

„Македонија 2030“ е визија што го поставува прашањето: Каква држава сакаме да бидеме и дали конечно сме подготвени да ја изградиме?

1aa-MN copy copy

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top