Коментари

Ламбе Арнаудов: Сдсмовци, знаете каде сте? Во МАКЕДОНИЈА сте!

1v-Lambe copy copy copy

1v-Lambe copy copy copy copy copy

Сдсмовци, знаете каде сте? Во МАКЕДОНИЈА сте!

Знаете ли дека сте МАКЕДОНЦИ, знаете ли дека МАКЕДОНИЈА е и ваш топол дом, свесни ли сте дека живеете во цивилизирана атмосфера, во јасно изразена демократска и слободна средина, партиски и политички организирана и со гарантирани човекови права и слободи.           

Знаете ли дека најмногу заради вас, на граѓаните на нашата татковина им е оспорено најосновното право човечко, правото на самоопределување.

Знаете ли дека само и исклучително само заради, вие таканаречени социјалдемократи, останавме, времено, без име, без знаме автентично, со оспорен јазик, непризната  историја, трансформиран на трговски начин идентитет те… Знаете ли дека, вие самопрогласената елита, обезглавивте и го испративте МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во духовен егзодус и на крај, знаете ли дека душманите на народот и татковината ви се помили од вашите браќа и сестри, синови и внуци, родители, баби и дедовци, новороденчиња и стари изнемоштени и сите останати сте спремни да ги сместите во глобален мисловен концентрационен логор, само за да живеете како што не заслужувате?

Еее, НЕМА. Нема заради тоа што народот ве препозна, а и вие сами се соголивте до гола кожа од пуста лакомост и крајна негрижа за сé што е свето.

Нема заради што сте агресивни, диви, непринципиелни, нема заради што не сакате да го водите народот туку да го поседувате, нема зошто сте убедени дека однапред од Господ сте предодредени да бидете тоа што се замислувате, нема зошто народот не сака да ве прифати за господари и да ви слугува.

Нема, бидејќи народот сé уште ги памети поранешните но и свежите злосторства што му ги направивте.

Нема, зошто народот не сака предавници како вас докажани и осведочени.

Нема и поради тоа што квислинзите се најлошиот човечки род кој слугува на туѓи интереси, но за среќа сте со кус рок на траење.          

Сосема на крај. НЕМА! Затоа што е тука бедемот на одбраната, заштитата и вечната сигурност, ВМРО-ДПМНЕ со својот Лидер ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ со цврста хомогеност и тесна поврзаност хоризонтално и вертикално помеѓу сите структури и целокупното членство, не само за вас туку и за сите останати непријатели, да не помислат ниту во сон да удрат на МАКЕДОНИЈА бидејќи ЌЕ си ги скршат главите уште не доближени до целта.

МАКЕДОНИЈА И ВМРО-ДПМНЕ СЕ НЕОСВОИВА ТВРДИНА.

И, уште нешто, многу значајно и крајно суштествено.

Познато ли ви е, која е разликата помеѓу нас ВМРОВЦИТЕ и вие сдсмовците..?

ВМРОВЦИТЕ тоа што ќе препознаат а е во корист на МАКЕДОНИЈА и што МАКЕДОНЦИТЕ го сакаат, сами го земаат и галантно го подаруваат на својот народ.

Вие, мекотели по карактер, без жар и борба, со страв и понижување го засакувате тоа што непријателот ќе ви го понуди како комодитет лично за вас, а потоа насилно со силна доза на репресија, од вас лично и од оние кои што ве наградуваат и командуваат го наметнувате и присилувате својот народ да го засака она што воопшто не му е по волја.

Еден апел до чесните социјалдемократи. Напуштете ги кукавиците и предавниците, неспособните и нечесните кон својот народ. Народите ако нешто од душите мразат, тоа се КУКАВИЦИТЕ.

И тоа заради двете познати старонародни причини од мудроста.

Првата, кукавицата сите ќе ги пушти пред себе и ќе ви го отстапи своето прво место само тогаш кога ќе минувате низ минско поле. Вас ќе ви изградат споменици а кукавицата ќе ги отвори спомениците и ќе држи говор.

Втората. Кукавицата нема свое гнездо и се изедначува со лидер кој што нема татковина, туку се вселува било каде….

Пржинските договори ги спржеа и МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, тие процеси се отфрлени како погубни од народот и не ги сака и е алиби на климави нозе.

Како што реков НАРОДОТ тоа што го сака САМ си го зема.

Затоа топло ви препорачувам: барајте прошка од својот народ, направете обид за историско помирување со НЕГО иако се сомневам дека тоа ќе се случи, затоа што злосторствата, навредите и понижувањата што му ги нанесовте се тешки и оставаат неизлечиви лузни и не се за простување.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top