Коментари

ПАРТИСКИОТ СТАТУТ НЕ Е БИБЛИЈА за да не може да биде изменет

m.trenevski1

m.trenevski1 copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ

Неодамна  се случи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и беа избрани нови органи на Партијата со што се заокружи речиси целосното екипирање, после речиси триумфалните победи на парламентарните и локални избори.

Беше избран нов генерален секретар што мислам дека е одличен избор,  Извршниот комитет е екипиран со  многу добар состав на стари, но освежен и со нови членови. Но најмногу внимание привлече одлуката Партијата да нема повеќе потпретседатели!

Во образложението од Претседателот Мицкоски беше презентирано дека со таа одлука (да нема повеќе потпретседатели) беше кажано дека на Претседателот му преостануваат само уште две години од вториот мандат и дека идејата е потпретседателите – доколку сакаат да се кандидираат за позицијата прв човек на Партијата, да стартуваат од еднакви позиции! 

Став многу коректен, во секој случај.

Но кога зборуваме за нов претседател (а за позицијата се топорат повеќемина), како долгогодишен член сакам да укажам на некои работи што сметам дека се многу важни.

Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е донесен во време и околности соодветни на нив, а тоа не значи дека не може да биде дополнет, па дури и изменет.

ПАРТИСКИОТ СТАТУТ НЕ Е БИБЛИЈА за да не може да биде изменет. Што сакам да кажам?

Живееме во драматични времиња, дома, во нашето опкружување и на меѓународен план, а тоа значи дека Партијата и татковината изискуваат човек-лидер кој ќе умее да се носи со тие предизвици! Човек кој со својата одлучност ќе знае и умеее да се носи со тие предизвици како што тоа многу успешно го правеше до сега Проф д-р Христијан Мицкоски.

Предлагам: На следниот когрес, кога и да е, да се смени тој член од Статутот на Партијата и да се овозможи повторен избор и нов мандат (по завршувањето на актуелниот) на г. Мицкоски.

Татковината наследи тешко бреме на предавства и корупција од предходната влада на предавници, а Г-н. Мицкоски покажа и докажа дека е одлучен и подготвен да се справи и тоа многу успешно со тие проблеми.

Токму таков човек и треба и понатаму на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија!

Затоа инсистирам на промена на Статутот за да можеме да ја реализираме и формално можноста тој да ги реализира своите заложби за доброто на Партијата и Татковината.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top