Коментари

Полог се претвора во дива депонија

Polog Depinija

Polog Depinija

Од Гостивар до Тетово ѓубре и диви депонии покрај патиштата и низ цело поле!

Дали се возите по автопатот меѓу Гостивар и Тетово или поминувате низ полето во Полог речиси насекаде може да се забележи истата слика: расфрлано ѓубре и диви депонии.

Поради лошото управување комуналниот и градежниот отпад често завршува покрај автопатот, низ полето и на Шар планина. Така од ден за ден се создаваат нови диви депонии и се продлабочува загадувањето на природата.

Проблемот со дивите депонии претставува еден од најсериозните еколошки предизвици во регионот Полог. Отпадот не само што го нарушува природниот пејзаж, туку претставува и директна закана за животната средина и здравјето на луѓето.

Обврската за отстранување на отпадот е на локалните власти, а надлежни за контрола се општинските инспекторати.

Сепак, од општините често посочуваат дека инспекциските служби немаат доволно капацитет постојано да бидат на терен, што дополнително го усложнува решавањето на проблемот.

Без координирано управување, континуирана контрола и поголема еколошка свест кај граѓаните, дивите депонии остануваат сериозна закана за природата.

Дивите депонии и расфрланото ѓубре не ги загрозуваат само убавините на регионот Полог и на Шар Планина, туку и квалитетот на живот на жителите во целиот полошки регион.

Граѓаните бараат поголема ангажираност од државните инспекторати за животна средина и итна координација со општинските комунални претпријатија и инспектори.

Во спротивно, предупредуваат дека Полог ќе продолжи да се претвора во огромна дива депонија, каде природата и здравјето на луѓето ќе ја плаќаат цената на институционалната незаинтересираност.

9-mane 2

Мане Јаковлески

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top