Веле МИТАНОСКИ
11 ОКТОМВРИ
Денеска на 11 октомври
во мене свечено
со песна се разгласи
стихот-куршум
испукан од срцето
од љубов кон татковината
Борбено построени
кон зенитот да го возвишиме
нашето шеснаесеткрако сонце
и со вечна исправеност
надежта храбро да ни се умножи
по патот на партизаните
кои ја започнале антифашистичката борба
и ја создале
современата македонска држава
Пораката е тука
со предизвик да се ослободиме
од изопачените примки на историјата
11 Октомври посветол да го видиме
од сите други историски светилници
Јадрото на македонството
без тегобни чувства да се насети
и да укаже со гордост
пред подвигот на народното востание
затоа нашата борба продолжува
истрајот е наш завет
гордо да ги чуваме интегритетот и
суверенитетот
Живеј Македонијо
во животот на твојот народ
секој од нас е твој воин.