Историја

Александар ја проширува Античка Македонија преку реката Дунав

Славе Катин

Откако Александар Македонски беше признат за хегемон на Лигата додека е жив, се состана стариот Совет, како што порано беше случај со татко му, и го назначи за генерал со неограничена моќ за напад и одмазда против Персија. Може да се претпостави дека резултатот од Конгресот остави многу поинаков впечаток кај Александар, отколку кај неговиот татко.

За Филип Македонски, замислената борба на одмазда беше единствен изговор и инструмент на политика да ја направи Античка Македонија голема сила. Меѓутоа, Александар Македонски, во кого Аристотел влеа љубов кон античката грчка култура, требаше да ја прими панелинистичката идеја со најголем ентузијазам, a доби и можност да ја пренесе таа култура во Азија. Исто така, тој имаше и личен мотив, а тоа беше примерот на неговите прадедовци, особено на Ахил.

Откако премина во Азија, беше полн со романтични замисли дека тој како втор Ахил ги води античките Грци против варварите. Но, во исто време тој отиде таму и како крал на Античка Македонија, со цел да освои нови територии.

И покрај тоа што не можат да се доловат неговите намери и во која мера се остварија неговите планови во текот на првите години од азискоатичката експедиција, а и колку многу беше преокупиран со панелинизмот, сепак можат да му се припишат два аспекта на неговите цели во однос на војната.

Колку повеќе пасионираниот Александар Македонски копнееше за почетокот на своето војување за одмазда, толку повеќе се гледа дека по враќањето од Коринт, во зимата на 336-335, не беше подготвен да премине во Азија.

Но, претпазливо и со ладен израз, што беше карактеристично за него во врска со стратешките прашања, мислеше дека е неопходно да воспостави добри односи со северните варвари, со цел да ја заштити таа страна на државата пред да тргне на пат.

Најголем проблем за Александар Македонски беа Трибалијанците, тракиско племе, населено меѓу Стара Планина и Дунав, со кои војуваше и Филип Македонски, но не ги покори. Намерата на Александар беше, ако е можно, да се прошири до Дунав, со цел да обезбеди за неговото кралство определена и природна северна граница.

Значи, политичката цел беше таа што го тераше кон север, а не како што се претпоставуваше „незаситната човечка жед за храбри дела”, која во тоа време поскоро би го испратила во Азија.

Во својата прва експедиција Александар Македонски ја покажа решителноста со која секогаш ги подготвуваше воените операции. Тој испрати воени бродови од Византиум преку Црно Mope до Дунав и им нареди да пловат до местото што го определи за таму да се спојат со копнените сили. Доколку ги најдеше бродовите на определеното место, може да се заклучи дека имаше точни информации за територијата на непријателот.

Инаку, во експедицијата на Дунав, како и во наредните операции во 335 година во Илирија и Античка Грција, можат да се согледаат сите одлични елементи на неговата стратегија и тактика, кои го направија најславен командант на сите времиња.

Ова уште повеќе заслужува да се истакне, бидејќи Парменион, доверливиот стар генерал на татко му, кому неоправдано му се припишуваат сите подвизи на Александар Македонски, тогаш беше во Азија и не учествуваше во походот.

Co Александар Македонски не беше ни Антипатер, друг голем генерал на Филип Македонски, кој беше оставен во заднината со дел од војската, за да го одржува редот во кралството и во Елада.

Во пролетта во 335 година Александар Македонски замина од Амфипол. Напредуваше од Стримон долж морскиот брег до Места (Карасу). Следејќи го правецот во внатрешноста, сврте кај Филипопол, место според името на татко му, и втаса до Коча на Стара Планина каде што го најде преминот Шипка, окупиран од независните Тракијци кои ја обезбедија својата положба зад тврдината направена од товарни коли.

Кога пробаа да ја скршат фалангата со тркалање на колите, Александар им нареди на своите луѓе да формираат премини, низ кои ќе поминат колите, а тие да се соберат во збиена формација со штитовите над главите, преку кои ќе поминат колите како преку покриви од штитови без да им нанесат некаква штета.

Во овој момент на опасност, маневрите беа изведувани нечујно и прецизно како на парадно место, така што ниеден војник не беше загубен, а тоа не потсетува на средба со една силна војска што Александар Трети Македонски ја наследи од својот татко.

Кога Шипка беше заземена со напад, Александар Македонски се спушти кон северната рамнина. Сирмос, трибалијанскиот крал со својата жена и со децата на својот народ побара спас на еден остров во Дунав, чија положба тешко може да се идентификува. Можеби тоа било во близината на Никопол. Трибалијанската војска која се повлече кон југ претрпе уништувачки пораз.

Три дена подоцна кога Александар Македонски пристигна до реката Дунав, таму се сретна со својата флота. Бидејќи бреговите на реката беа многу стрмни, Александар Македонски не успеа во својот обид да слезе со единиците на островот на кој Сирмос беше засолнат.

Тогаш кај Александар Македонски се појави брилијантна идеја. Така, со изненадувачко демонстрирање на сила го скрши отпорот на непријателот. Тој одлучи ненадејно да го премине Дунав, a co тоа го натера да бега Гета кој живееше од другата страна на брегот, со што го принуди Сирмос да се предаде.

Кон овие политички и војнички цели, треба да се додаде уште еден чисто личен мотив. Во најдобриот извор на информации првпат се вели дека Александар Македонски ја зазел таа земја со цел да го премине Дунав.

Ова беше само желба за непознатото, неиспитаното и мистериозното, кои во подоцнежните години го одведоа неодоливо во други краеви на светот. Cera неговата млада душа, во која беше туѓа секоја идеја за освојување на светот, го поттикна да фрли поглед на непознатиот и туѓ свет надвор од границите на своето кралство.

Многу тивко се подготви за премин преку реката Дунав. Беа собрани чуновите за риболов на тамошното население, а платната од шаторите ги наполнија со сено да им помогнат при пливањето. Co вакви примитивни методи и со помош на својата флота ја искористи тивката и темна ноќ да префрли преку река што е можно повеќе единици.

Предзори, Александар Македонски веќе имаше 1.500 коњаници и 4.000 пешаци од другата страна на брегот. Рано изутрината тој ги поведе единиците низ нивите со пченка и ги замаскира.

Потоа изврши јуриш со коњицата и се судри со Гета кој беше улогорен пред својот град. Целосно изненаден од овој речиси непоимлив брз налет на Александар Македонски, иако беше посупериорен по број, Гета се повлече назад во градот, набрзина ги качи жените и децата на коњи и исчезна во степите на север.

Александар Македонски го опљачка и го уништи градот, потоа на северниот брег на Дунав принесе жртва на Зевс Спасителот, на Херакле и на Богот на реката кој му дозволи да ја премине, а истиот ден ја поведе својата војска назад во логорот на јужниот брег, без да загуби ниту еден војник.

Оваа речиси неверојатна акција, бездруго, имаше определени резултати. Сирмос и неговите Трибалијанци му се покорија на Александар Македонски. Другите соседни племиња јужно од Дунав исто така испратија дипломатски претставници кај кралот и му го изразија своето почитување. Славата на неговото дело се слушна дури до Келтите, кои потоа се повлекоа источно од Јадран и испратија амбасадорски претставник за да го замолат за пријателство.

Теророт што Александар Македонски го спроведе имаше долготраен ефект. Имено, тоа беше педесет години пред Келтите да ја нападнат Античка Македонија и Античка Грција.

Александар Македонски се враќаше во Античка Македонија преку западниот пат низ Пеонија, но во близината на Софија во регионот на Агријан, беше информиран од едно негово верно племе дека Клеит, кралот на Илирите, се побунил.

Веднаш потоа (околу август) Александар замина веројатно откај Ќустендил, преку Еригон (Црна) до важната граница на тврдината Пелион, преку преминот од Горна Македонија до Илирија.

Тој дел, всушност, беше во рацете на непријателот. Александар Македонски веројатно успеа да ги прогони Илирите од високите предели, опколувајќи ги во градот, меѓутоа, беше спречен со доаѓањето на таулантијанскиот принц Глауција, кој им се придружи на бунтовниците. Александар Македонски мораше да отстапи и само со извонредна маневра успеа да ја избегне опсадата.

Најпосле, непријателот беше поразен со изненадување во отворена битка, по што се повлече во тврдината Пелион, го запали градот и избега. Така, колку што судирите беа поризични, толку Александар Македонски полесно победуваше. Имаше среќа и брзо ја постигнуваше својата цел. Веднаш по освојувањето на Пелион, му пристигна веста за опасното востание што се крена во Античка Грција, за кое беше потребна неговата брза интервенција.

Инаку, во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме преку „Македонска нација“ да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Александар Трети Македонски и неговото место во светската историја, според книгата на Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин.

Најново од: Историја

Јуџин Борза: Античка Македонија долго била прикажувана низ призмата на грчките автори

Античка Македонија долго време била разгледувана низ призмата на грчките автори, кои за неа пишувале главно кога се судирала или се поврзувала со интересите на грчките градови-држави тврди американскиот историчар Јуџин Н. Борза. Поради тоа, историјата на Македонија треба да се проучува како историја на посебна држава и народ со сопствен развој, а не само […]

Телеграма од 1903 година: Илинденското востание било „исклучиво дело на Македонците“

Српски дипломатски документ од 13 август 1903 година сведочи дека востанието било претставено како самостојно дело на македонските востаници, без учество на бугарската држава и без насоченост против Србија Во екот на Илинденското востание, од Софија кон Белград била испратена дипломатска телеграма која содржи значајно сведоштво за карактерот на македонското револуционерно движење. Документот е составен […]

Букурешкиот договор: граница што ја распарчи земјата и политика што требаше да го избрише народот

Поделбата на Македонија во 1913 година не беше само територијален чин. Таа создаде услови македонското население да биде изложено на три паралелни државни проекти за асимилација, во кои училиштето, црквата, администрацијата, јазикот и демографските промени станаа средства за национално претопување. Букурешкиот договор ги утврди новите граници меѓу победниците и поразените во Втората балканска војна. Но […]

Писмо од Македонец до еден србски пропагандист-1888 година

Темко Попов до Деспот Баџовиќ Темко Попов (1855–1929) бил македонски национален деец и просветен работник, кој во втората половина на XIX век се спротивставувал на туѓите пропаганди во Македонија и ја ширел македонската национална мисла. Тој припаѓал на кругот македонски интелектуалци кои во политиката на српскиот државник Стојан Новаковиќ препознале можност за поддршка на македонските […]

Иван Владислав – последниот владетел што до крај му се спротивставувал на Василиј II

По смртта на цар Самоил, Иван Владислав се обидел да ја обнови војската, да ги зацврсти тврдините и да го запре византиското напредување. Неговото загинување пред ѕидините на Драч во 1018 година го забрзало конечниот пад на Самоиловата држава. По смртта на цар Самоил во 1014 година, Самоиловата држава се соочила со тешка политичка и […]

Никола Тесла во Македонска носија и македонски врски?

Никола Тесла – научниот гениј кој го осветли светот Никола Тесла е еден од најголемите научници и пронаоѓачи во историјата на човештвото. Неговите откритија во областа на електротехниката, наизменичната струја, електромагнетизмот и безжичниот пренос на сигнали ги поставија темелите на современиот технолошки свет. Поради огромното влијание на неговото дело, современите автори го нарекуваат „човекот што […]

Македонците во егејскиот дел на Македонија денес: народ меѓу непризнавањето, асимилацијата и опстојувањето

Македонците во егејскиот дел на Македонија, кој по Балканските војни и Букурешкиот мировен договор од 1913 година се наоѓа во составот на Грција, претставуваат едно од најсложените и најчувствителните малцински прашања на Балканот. Нивното присуство најчесто се поврзува со Леринско, Воденско, Костурско, Кајларско, Негушко, Гуменџиско и со делови од Солунско, Серско и Драмско. Во овие […]

Александар и неговото владеење до војната со Персија

Наспроти големата возбуда што ја предизвикало убиството на Филип Втори Македонски за време на свадбената веселба во Егеј, смената на монархот била извршена мирно. Верниот Антипатер помогнал во смирувањето на народот, истакнувајќи ги способностите и доблестите на престолонаследникот. Војската што ја предводел Александар и која победила кај Херонеја не се сомневала во неговите способности. На […]

To top