Песни за Македонија

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе,
таму долу в Македонија,
таму долу, в Демир Капија.

Кој ќе се јунак избере
чумата да ја пропади?

Се избрал јунак, се нашол —
млад Делче, млади војвода.
Тој појде в Македонија
чумата да ја пропади.

Црн ми се облак зададе,
пак долу в Македонија,
таму долу, в Демир Капија.

Дали се црни облаци
или се Турци поганци?

Не ми се црни облаци,
не ми се Турци поганци,
туку ми се чета комити,
туку се војводи, четници.

Ранет ми јунак носеа,
ранет ми јунак — млад Делче,
млад Делче, млади војвода.

Делче дружина говори:

— Дружино верна, сговорна,
вие ќе утре идете
по мачната наша земја.

Кога ќе вие минете
низ мојот град Кукуша,
мајка ми ќе ве пречека,
за мене ќе се распраша:

„Каде е син ми, млад Делче?“

Вие ќе нејзе кажете:

„Млад Делче ми се посврши
за девојка Македонија,
за црната ропска земја!“

Македонска народна револуционерна песна посветена на Гоце Делчев и на борбата за слободата на Македонија.

Најново од: Песни за Македонија

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Најнови вести

To top