На прво место Дијаспора

Се одржа 52. Црковно-народен собор во Чикаго

Славе Катин

Славе Катин

Од 4 до 6 септември 2026 година, за време на празнувањето на Денот на трудот во САД, во Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго, Илиноис, се одржа 52. Црковно-народен собор на Американско-канадската македонска православна епархија. Со богослужбите чиноначалствуваше надлежниот архиереј, митрополитот г. Методиј, во сослужение со бројни свештеници од САД и Канада.

Традиционалните соборски манифестации во САД и Канада се одржуваат секоја година во првата недела од септември, за време на продолжениот празничен викенд по повод Денот на трудот. Тие траат три дена и се исполнети со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски содржини.

Соборот претставува извонредна можност епархиските и црковно-општинските органи да ги поддржат, поттикнат и помогнат позитивните процеси за натамошен развој на секциите при црковните општини, неделните училишта на македонски јазик, македонските играорни групи, хоровите, драмските активности, женските секции, спортските екипи и сите други здружени творечки сили. Сите тие придонесуваат за зајакнување на македонските православни цркви и на Епархијата во целина.

Овогодишниот Црковно-народен собор беше продолжение на претходните 51 собор, кои низ годините се одржувале во различни градови во САД и Канада. Овие собири имаат големо духовно, културно и национално значење за Македонците во Северна Америка.

Формирањето на Епархијата – светол датум за Македонците

Според историските документи, Американско-канадската македонска православна епархија била формирана на 12 септември 1981 година. Тоа е светол датум за Македонците во САД и Канада.

Во Македонската православна црква „Свети Димитрија“ во Рочестер, во сојузната држава Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпишал документите со кои било означено законското регистрирање на Епархијата. На настанот присуствувале видни личности од македонските заедници, свештени лица и американски адвокат.

По одржаната молитва во храмот „Свети Димитрија“, во хотелот „Американа“, каде што се наоѓала канцеларијата на адвокатот, со потписите на архиерејот и на архиерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија била законски регистрирана и признаена епархија на Македонската православна црква.

Во тој период Епархијата ја сочинувале петнаесетина црковни општини, со десетина парохиски свештеници. Со тоа таа станала нераскинлив дел од мајката Светиклиментова црква во Македонија.

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се проширила преку средствата за јавно информирање и била објавена во македонските, американските и канадските медиуми. Посебно внимание на овој настан му посветил њујоршкиот дневен весник „Тајмс Јунион“, на чии страници биле објавени информации за законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.

Духовен и национален стожер на Македонците

Денес една од најзначајните активности на Американско-канадската македонска православна епархија е Црковно-народниот собор, чија традиција започнала во средината на седумдесеттите години од минатиот век. Првиот собор се одржал во Торонто во 1976 година.

Во рамките на Епархијата досега се отворени повеќе од 30 цркви и два манастира, во кои служат триесетина македонски свештенослужители. Нивен надлежен архиереј е митрополитот г. Методиј.

Историјата на македонската емиграција во Соединетите Американски Држави е исполнета со примери на пожртвуваност, единство и љубов кон татковината. Меѓу најзначајните духовни и национални симболи на Македонците во Америка се македонските православни храмови. Тие со децении претставуваат места каде што се чуваат верата, јазикот, културата и традициите на македонскиот народ.

Еден од најпознатите храмови е Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго, која денес претставува вистински стожер на македонското православие во Соединетите Американски Држави.

Од своето основање до денес, црквата „Свети Кирил и Методиј“ не е само место за богослужба. Таа е центар на македонскиот духовен, културен и општествен живот. Во неа се организираат верски празнувања, културни манифестации, прослави на националните празници, училишни активности и бројни настани што ги обединуваат Македонците од сите генерации и од сите делови на етничка Македонија.

Богата духовна, културна и спортска програма

На овогодишната соборска манифестација, во големата сала на Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго, се одржа младинска игранка. Во рамките на програмата беа организирани и турнир во мал фудбал, седница на Епархиското собрание на Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА, вечерна богослужба и смотра на македонските играорни групи.

Последниот ден се одржаа финалните натпревари од фудбалскиот турнир, како и Божествена литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Американско-канадски г. Методиј, во сослужение со свештенослужители од Епархијата. Вечерта беше приредена забава за младите Македонци од САД и Канада.

Црковно-народниот собор на Американско-канадската македонска православна епархија повеќе од половина век ги потврдува единството и традициите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана Прва, како и цврстата поврзаност на македонската заедница во САД и Канада.

Особено треба да се нагласи драгоцената мисија на македонските свештеници во САД и Канада, предводени од митрополитот г. Методиј, надлежен архиереј на Американско-канадската македонска православна епархија на МПЦ-ОА. Тој, заедно со свештениците и активистите од македонските здруженија, е целосно посветен на обединувањето на македонскиот народ во САД и Канада, каде што живеат Македонци од сите делови на етничка Македонија.

Настаните од 52. Црковно-народен собор ќе останат запаметени како незаборавни мигови на духовност, заедништво и македонско единство. Соборот овозможи бројни средби, дружења и нови познанства меѓу Македонците од многубројните македонски православни црковни општини во САД и Канада.

Најново од: На прво место Дијаспора

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

To top