Песни за Македонија

Методија Шаторов – Шарло

Томе Вељаноски

Томе Вељаноски

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ.

Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,
на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,
Тасејца Шаторова машко дете родила,
нункото името Методија му го дал.

Порасна Мето, здраво и крупно момче,
на училиште тргна со првото школско ѕвонче.
Во дуќанот на татка си му помагаше тој,
а муштерии имаа во приличен број.

Во Битола Мето гимназија учи,
службеничката насока силно го влече.
Учителска школа заврши тој,
си обезбеди диплома за животот свој.

Во 1918 година
Методија Шаторов емигрира во Бугарија.
Таму започна со политичка агитација
за самостојна македонска нација.

Во Бугарија бара политички права,
а властите го бараа –
четири илјади лева даваа
за да ја снема неговата глава.

Шаторов во Советска Русија појде,
во Москва со политички азил се снајде.
Во Комунистичката интернационала работа доби,
за македонските права борба да води.

Од Србија, Краина, Кордун, Лика и Банија,
сто илјади колонисти се населија во Македонија.
Беговските имоти и чифлици ги зазедоа,
македонските чифлигари до питачки стап ги доведоа.

Вечните гробни натписи ги отстранија,
македонскиот јазик, наставата и литургијата ги забранија.
Властите во Македонија вршеа невиден терор,
а црнораковците беа нивниот извршителен ѕверски збор.

Словенечко-хрватските комунисти предлог даваа
да се признае македонската нација
како иден член на Југословенската Федерација,
но српските комунисти негираа: „Не е време за македонска нација“.

За македонската нација ќе се зборува на Балканска конференција,
а во Вардарската Бановина – само за економската ситуација.
Предлогот на словенечко-хрватските комунисти беше одбиен,
ќе се чека нова можност повторно да биде добиен.

Во Загреб, во 1940 година, на Петтата земска конференција,
Шаторов е избран за член на КПЈ од Македонија,
да ги води пролетерските маси
и од понижувањето и угнетувањето да ги спаси.

Во 1941 година бугарската армија влезе во Македонија
и колонистите ги истера во нивната татковина.
Донесоа своја администрација
за спроведување тотална асимилација.

Тито, со српските комунисти,
разни клевети, лаги и обвинувања измисли.
Секретарот Шарло од политичката сцена го истисна,
а тој во Бугарија се врати – со главата да не плати.

Проверен Србин во Македонија донесоа,
за партиски водач да ѝ биде,
под цврста рака населението да го држи
и во Македонија србизмот да се задржи.

На четврти септември 1944 година,
во близина на градот Пазарџик, во Бугарија,
кај Милевски Скали непознати џелати го убија Методија –
од страв од независна Македонија.

Шаторов, Шатев, Брашнаров, Влахов,
Ченто, Кузман, Мирче, Крсте –
сите се македонски великани,
со нивните дела никој не може да се рамни.

Македонската држава тие ја создадоа,
пред светот достоинствено ја претставија.
Сите настрадаа од истите Јуди –
историјата нека им суди.

Томе Велјановски – Марулецот
Гетеборг, Шведска

Извор: „Зенит“ – Методија Шаторов – Шарло

Најново од: Песни за Македонија

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

To top