На прво место

Милошоски: Ислам Абази го затвори случајот за мазутот тежок 167 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, донел контроверзна одлука за запирање на постапката поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вредна 167 милиони евра.

Според партијата, одлуката е донесена во корист на, како што велат, „структурите на СДС и ДУИ“, а пратеникот Антонијо Милошоски посочи дека случајот не смее да биде затворен без целосно расчистување на сите сомнежи за криминал и злоупотреби.

Во реакцијата се наведува дека меѓу осомничените во предметот биле и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и Асмир Јахоски и Ратко Капушевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека јавноста видела сомнежи за перење пари, криминал и штета врз животната средина, додека Обвинителството оценило дека нема доволно докази за продолжување на постапката.

Партијата потсетува и на наодите на Државна комисија за спречување на корупцијата, според кои на фирмата РКМ ѝ биле исплатени повеќе средства за помалку испорачан мазут, односно дека недостасувале околу 18 илјади тони мазут.

ВМРО-ДПМНЕ поставува три прашања до обвинителот Абази:

  • зошто постапката е запрена токму сега;
  • врз основа на каква проценка е донесена одлуката;
  • и дали биле сослушани сите засегнати страни пред затворањето на предметот.

Од партијата бараат Ислам Абази да поднесе оставка, оценувајќи дека со ваквите одлуки дополнително се урива довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Најново од: На прво место

Злосторства на грчките реакционери врз македонското население во Егејска Македонија

„Борба“ во 1945 година: Југословенскиот печат известува за злосторства врз Македонците во Егејска Македонија Весникот „Борба“, официјален орган на Комунистичката партија на Југославија, на 2 јули 1945 година објавува напис за насилствата што биле извршени врз македонското население во Егејска Македонија. На насловната страница на белградскиот дневен весник „Борба“, број 159 од 2 јули 1945 […]

Од Бугарите во Уставот и Македонија нема реформи до гласот на дијаспората

Со месеци тврдеа дека Македонија нема реформи и дека уставните измени се единственото решение, а по позитивните оценки од Европската Унија фокусот го префрлија на гласањето на дијаспората Во изминатите месеци претседателот на СДС, Венко Филипче, и раководството на партијата речиси секојдневно ја сведуваа политичката дебата на две теми – внесувањето на Бугарите во Уставот […]

Ауди А6 на Мерко продадено за 22.000 евра – купувач е компанија од битолско

Луксузното службено возило, кое пред седум години беше набавено за околу 67.000 евра, е продадено на јавна аукција, а средствата ќе бидат искористени за намалување на долговите на Општина Струга. Службеното возило „Ауди А6“, кое со години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна електронска аукција за 1.350.000 денари, односно […]

Филипче и СДС ја свртеа плочата: од „нема реформи“ до напад врз дијаспората

Од Брисел пристигна директен демант на тезите на СДС – Македонија е меѓу земјите со најголем реформски напредок во Западен Балкан СДС повторно покажува дека, кога нема политичка визија, посегнува по блокади и менување на темата. Откако со години ја туркаа темата за внесување на Бугарите во Уставот без јасни и цврсти гаранции за Македонија, […]

Ако Македонија не спроведува реформи, зошто ЕУ ја наградува?

Како сега СДС ќе го објасни овој факт – ако нема реформи, зошто Македонија добива дополнителна поддршка од Европската Унија? Со години СДС ја повторува истата политичка теза — дека Македонија не спроведува реформи, дека Владата ја оддалечува државата од Европската Унија и дека земјата не ги исполнува европските обврски. Но сега доаѓа факт што […]

Парите од дијаспората им се добри, ама гласот им пречи

Кому му пречи Македонците од странство да одлучуваат за иднината на Македонија? Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на Сител отвори едно многу важно прашање: кому, всушност, му пречи македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин? Мицкоски јавно повика да се најде модел со кој Македонците во странство полесно […]

Ацо Крстески: Добредојдовте на третото издание на „Гласот на вечноста“ во Охрид

Настанот на Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид, со цел афирмација на македонската вистина, наследство и иднина. Со особена чест и радост ја споделувам најавата за третото издание на „Гласот на вечноста“, кое ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид. Охрид не е случајно […]

Наместо да се соочи со сопствената политичка криза, СДС повторно посегна по навреди, етикети и теории на заговор

На СДС очигледно му смета сè што не може да го контролира. Му смета власта кога не е негова, му смета дијаспората кога бара право на глас, му смета јавната дебата кога не е под партиска команда, а сега му смета и секој обид за разговор за обединување и преобликување на опозицискиот простор. Наместо да […]

To top