|
||||
Народот ги сака Македонците, не предавниците |
Еден политичар, без разлика кој и да е, кој се обидува преку уцена на сопствениот народ да го натера да му верува, очигледно нема широки умствени погледи. Во историјата ретко може да се најде пример каков што е тоа денес опозициската партија СДСМ. Таа пројави такви особини какви што се среќаваа во минатото, кога дел од македонската интелигенција повеќе работеше за интересите на Софија, Белград и Атина, отколку за сопствениот народ. Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година, СДСМ не успеа да се издигне како сериозна Македонска партија и не успеа од своите редови да даде водачи со широки погледи, со своја мисла, да застанат на чело на македoнската фаланга и да ја водат по патот на сигурниот успех. Поединци кои собрале сили да се издигнат како водачи беа маргинализирани или отерани, така што во моментите кога требаше да се даде полн допринос во развојот на македонската држава, македонскиот народ беше без вистински водачи. По еден чуден сплет на околности, набргу по осамостојувањето на чело на социјалдемократите на кои им беше доверена власта во земјата, застанаа лица кои не располагаа со потребниот морален и умствен капацитет за круцијални дела. Немањето на вистински лидер на партијата, кој е способен не само да ја води партијата туку и државата, ќе доведе до влез на Македонија во ОН под срамната референца ПЈРМ, до промена на знамето, срамна транзиција на капиталот, а над 200.000 лица ќе останат без работа. Од денешна дистанца, во деведесетите години ниту ВМРО-ДПМНЕ која беше во бебешки пелени не успеа да изроди лидер кој може да застане на патот на социјалдемократите кои со својата заслепеност и умствената сиромаштија си вообразуваа дека тие се избрани од Бога да владеат со македонската држава без притоа да го прашаат македонскиот народ за неговите потреби. Така и покрај противењето на македонскиот народ, во време на СДСМ се носат одлуки за влез на Македонија во ОН под срамната референца ПЈРМ, до промена на знамето, срамна транзиција на капиталот, катастрофална по македонските интереси територијална поделба чии последици и те како се чувствуваат и денес. И додека ВМРО-ДПМНЕ успеа да се трансформира во модерна политичка партија и да изроди вистински лидери кои не се само носители на прогресот, туку и вистински чувари на нациналните интереси на државата, СДСМ и покрај промените кои ги направи не изроди нови модерни лидери способни да се соочат со предизвиците на новото време. Напротив таа извади лидери кои се убедени дека тие треба по секоја цена да дојдат на власт, без разлика дали ги поддржува македонскиот народ или не. Сметајќи дека поседуваат умствени способности и плеќи доволни да ја водат државата, тие во својата дрскост не водат сметка дали со своите постапки ја нарушуваат безбедноста на земјата и националните интереси на државата. Разликата на последните парламентарни и претседателски избори од над 120.000 гласови покажа дека народот верува дека двоецот Иванов – Груевски ќе ги заштити нивните интереси, особено во прашањата како што е прашањето за името, сувереноста и интегритетот на државата. Односно, дека народот верува во програмата на ВМРО-ДПМНЕ која носи просперитет на земјата и нови вработувања. Еден политичар, без разлика кој и да е, кој се обидува преку уцена на сопствениот народ да го натера да му верува само нему, дека тој е спасот за државата, очигледно нема широки умствени погледи и се плаши дека со последниот двоен изборен пораз, деветти по ред од 2006 година, го изгубил местото до кое се добрал. Таа е природна состојба на лидер кој го опфатил ужас, бидејќи неговата глава нема да биде овенчана со слава кога македонскиот народ ќе ги надмине сите предизвици кои стојат пред него. Изгледа дека безидејните водачи на СДСМ ги обзема чудна мисла кој ќе ја добие наградата, доколку Македонија го задржи уставното име, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската култура и како таква влезе во НАТО и ЕУ. Додека тимот на ВМРО-ДПМНЕ макотрпно работеше и ја подготвуваше земјата на сите полиња да се посее семето на успехот, раководството на социјалдемократите не излегуваше меѓу народот од својата кожурка. Сега сакаат да ги жнеат плодовите без мака. Но, по резултатите од последните избори, омразата и егоизмот толку ги заслепиле челниците на СДСМ што за своите неуспеси го навредуваат сопствениот народ, потценувајќи ја неговата интелигенција, не навлегувајќи во сопствените грешки. Тие како да не сакаат да погледнат наназад за да видат колку и какви грешки имаат напревено, додека македонскиот народ мизеруваше. Тие како да не сакаат да знаат за сите оние жртви кои ги има поднесено македонскиот народ при градењето на македонска држава. Само оној што не знае или не сака да знае може да смета дека македонскиот народ така лесно ќе се откаже од името, идентитетот и македонскиот јазик. Раководството на СДСМ како што самото вели е подготвено да витка кичма, доколку дојде на власт. Дури и ако народот веќе не ги сака, како што вели Заев, тие се подготвени со сила, бојкот и улични демонстрации да се доберат до власт. За да го постигнат тоа тие сметаат на надворешна поддршка. Но, голем дел од членството на СДСМ не се согласува со методите со кои се служи нивното раководство за да се дојде до власта. Тие сметаат дека во решавачките акции против надворешниот притисок за името и идентитетот, како и против внатрешните радикални структури, наместо создавање нестабилност во земјата, потребно е здружување на сите сили не само на македонскиот народ, туку и на сите етнички заедници. Свесни за прогресот кој е направен во земјата по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, свесни дека никој не е дискриминиран затоа што е член на СДСМ, туку дека за секого имало место да го даде својот придонес во изградбата на државата за таа да стане пристојно место за живеење. Едноставно тие не сакаат да бидат обезличени, туку сакаат да останат горди Македонци. Сакањето на татковината не е екслузивно право и тоа не се покажува само со збор, туку со дела. Македонска нација |