Среда, 01 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
На Македонија и` се потребни Македонци, кои ја сакаат државата и ја спроведуваат идеологијата

makedonija-na-makedonciteВо велигденскиот пост сме, пост пред најголемиот Христијански празник Велигден- воскресение на Исус Христос. Ден кој не` потсетува колкава е љубовта спрема човештвото од Бога и колку е безгранична и неизмерна љубовта со која се сака „ближниот“. Ние, верниците си ја прочистуваме душата со пост, преку храната за телесното прочистување но, и преку духовно постење, кога не се зборуваат глупости, не се мисли лошо.

Сега е време на тага, а постот треба да ни ја прочисти душата, црквата да ни ги помири политичарите, чедата Македонски. Но, ете, пак пустиот не мирува... Им копа по продадените души на многумина со погани јазици, неверници.

Денес кога се отвараат клучните прашања за Македонија, кога е најпотребно сите да бидиме сплотени против промената на името, на идентитетот и јазикот, повторно спротивставените мислења за решавање на битните национални прашања го делат македонскиот народ.

Страшно проклетство кое го влечеме низ вековите.

Дали ПАТРИОТИЗМОТ кој што ни е потребен денес, значи само човеково топло чувство за земјата во која е роден? Или патриотизмот значи пред се` врела љубов за народната традиција и јазик? Има само две најголеми чувства кои се две најголеми духовни богатства, со кои и најсиромавиот човек не е сосема сиромав, тоа се патриотизмот и верата. Без овие чувства човекот е пропаднат. Кој ја сака својата татковина тој секогаш живее под големото сонце, во големиот простор, во големата заедница, како што човек кој искрено верува во Бог не е никогаш сам и безнадежен.

Најголемиот дел од македонскиот народ застана во одбрана на аманетот што ни го оставија нашите претци, „Македонија на Македонците“, но модерните “јаничари“ едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го одува ветерот, а со тоа и самите нив, зошто станаа луѓе од „ниедна вера“.

Покрај искрените македонски патриоти, од кои многумина во борбата за доброто на Македонија ги жртвувале и своите животи, имало, а за жал има и денес, лабилни карактери, превртливци и користољубци. Го живееме времето на остварување на македонскиот сон, време на новата Македонска ера. Ќе опстоиме и ќе победиме само ако веруваме во Бога и во себе, само ако бидеме единствени и непоколебливи. Затоа потребно е да останеме сплотени како никогаш до сега. На Македонија и` се потребни Македонци, кои ја сакаат државата и ја спроведуваат идеологијата: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Само како МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИ сме придобивка за Европа и светот! Затоа, верувам дека и нашите модерни јаничари ќе смогнат разум и храброст да се соочат со реалноста дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постоеле, постојат и ќе постојат и конечно ќе престанат да ја оцрнуваат државата на која секојдневно се повикуваат дека ќе ја бранеле.

Нашите дејци и востаници велеле: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех, јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба. Само сите заедно можеме да ја постигнеме целта“.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Кои се основачите на ВМРО-ДПМНЕ ?

 Мане Јаковлески - Кога се знае вистината и кога се почитуваат вистинските личности и вредности...

Историја

News image

Античко-македонски јазик

Античките историчари и хроничари во своите пишани дела известуваат дека античките Македонци говореле...

Иселеници

News image

ЉУБОЈНО - РАСАДНИК НА ВИСОКООБРАЗОВНИ КАДРИ - ДЕЛ III (11)

Од Љубојно потекнуваат околу 150 академски граѓани со ра...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (2) Стариот Град Ерусалим

Мане Јаковлески   Стариот Град Ерусалим Стар Град (Ерусалим) Според хебрејските ракописи, ...

Фељтон

News image

ШТО ПИШУВАЛЕ ТУЃИТЕ АВТОРИ ЗА СЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ? (14)

  “Античкото движење на Словените (Венетите) кон запад и подоцна движењето н...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.