Недела, 05 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
Вековните пораки на најголемиот христијански празник Велигден

Easter-Orthodox

Во христијанската религија, Велигден е најголемиот верски празник, празник над празниците. На тој ден христијанските верници го одбележуваат Христовото Воскресение, настан кој ја содржи целата суштина на христијанството и потврда на верата. Се прославува денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. „Празна ќе беше нашата вера, ако Христос не воскреснеше“ ќе рече во своите проповеди Свети Павле.

Велигден како најголем празник, симбол на победата над смрта, денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите, се празнува уште од првиот век на нашата ера. Врз основа на Светото предание, овој празник кој е спој на верата и традицијата, се практикува уште од времето на светите апостоли, христовите ученици и нивните наследници. 

Македонските православни верници со посебна радост го пречекуваат Велигден. На овој празник му претходат долгите Велики пости, кои траат седум седмици, а почнува на Велики Четврток, кога домаќинките уште пред изгрејсонце ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Како што на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне, така и бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, на Христовото Воскресение. 

Традицијата за вапцање на јајца има длабоки корени во историјата на светската цивилизација. Митот за создавањето на светот од јајце, а со тоа и јајцето како симбол на нов живот, се сретнува во повеќе култури на стариот свет. Оваа традиција се пренесува и во христијанството, а црквата го прифатила како симбол на Христовото воскресение. Ако јајцето значело нов живот, тогаш црвената боја била симбол на победата, симбол на божјата сила и моќ. Воедно црвената боја ја симболизира и крвта на Исус која божјиот син ја пролеал на крстатот за спасение на сите луѓе на земјата.

Марија Магдалена се смета дека била првата која го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Наскоро по Христовото вознесение, Спасовден, Марија Магдалена, го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Следејќи го нејзиниот пример првите Христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе! Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се` до Вознесението Христово, Спасовден.

Факт е дека прославувањето на Велигден секоја година го менува датумот. Претходно Велигден се празнувал на разни датуми. Првите правила според кои се одредува датумот кога се прославува Велигден се донесени во 325 година на Првиот Вселенски собор кој бил одржан во Никеја. На соборот кој бил свикан од страна на римскиот император Константин I, биле донесени неколку решенија. Едно од решениjата кое било донесено се однесувало на датумот на славењето на Велигден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се одбележува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето, а Александрискиот Архиепископ имал овластување секоја година да го соопштува датумот на останатите архиепископи.

Правилата според кои денес се одредува Велигден, се дефинирани дури во 526 година. Според овие правила, Велигден секогаш е во недела и е по пролетната рамнодневница, во првата недела по полната месечина. Велигден не смее да се совпадне со еврејскиот празник Пасха, ниту да биде пред него. Доколку првата млада месечина по рамноденицата е пред Пасха, Велигден се одложува за првата недела по следната полна месечина, но доколку пак во ист ден се совпаѓа со Пасха, се одлага за една недела. Разликите во сметањето кои се појавуваат со постоење на два христијански календари, Јулијански (православен) и Грегоријански (католички), обично предизвикуваат и различно празнување на овој голем христијански празник.

Славењето на Велигден и сите обичаи кои се поврзани со овој празник, всушност во себе ја носат вековната порака на синот божји, за мир и пријателство, за човекољубие и взаемно почитување, за свое осознавање и позитивно осмислување на животот.

Христос Воскресе! Вистина Воскресе! Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.