|
||||
Комеморација на ОМД по повод 100 години од атентатот на Јане Сандански |
На денешен ден, 22 април, 2015, се означува цел еден век од атентатот на еден од најголемите македонски народни херои, Јане Сандански. Сандански е познат по неговото водство во текот на доцниот деветнаесети и почетокот на дваесетиот век, во период кога македонскиот народ војува и се бори за слободна и независна Македонија. ОМД ги повикува лидерите во Македонија да ги користат идеалите и принципите на Јане Сандаски и нашите претци со цел да изнајдат решение за моменталната политичка криза која владее во земјата. "Македонија на македонците" и "Слобода или смрт" се слоганите кои во тоа време Сандански и другите македонски лидери ги користaт за обединување на македонскиот народ. Нажалост тој и безброј други храбри Македонци за тоа ја платија цената со нивните животи, додека македонскиот народ продолжи да биде поделен и угнетуван од други. Како резултат на борбата и водството на Сандански и неговите истомисленици, за време на Илинденското востание и подоцна во текот на Втората светска војна, Македонците успеаа да создадат независна држава на дел од географската територијата на Македонија. Борбата од деветнаесетиот и дваесетиот век, продолжуваат и денес во дваесет и првиот век, со оглед на тоа дека македонскиот идентитет е сеуште под напад на истите тие сили кои кон почетокот на минатиот век ја окупираа и поделија Македонија и по секоја цена сакаа да го уништат постоењето на посебен македонски народ и идентитет. Наследството на Јане Сандански е непроценливо и ОМД ја слави неговата жртва за слободна Македонија имајќи на ум дека неговата борба сеуште трае. Благодарение на Сандански и неговите истомисленици, ние денес имаме слободна и независна Македонска држава. Македонците низ различни страни на светот треба да го почитуваат неговото наследство и преку заедничка соработка да осигураат не само опстанок, но исто така и просперитет за македонската држава и иденитет во годините кои доаѓаат. Македонија, преку Крушевската Република, беше првата мултикултурна република на Балканот која уште во 1903 година ги промовираше универзалните вредности на слобода, демократија, културна и религиозна разновидност и човекови права. Токму тоа и претставува императив за слободниот свет да ја подржи и интегрира Македонија во регионалните и глобалните институции како НАТО без одложувања и изговори. Македонскиот народ и неговата дијаспора треба да прават се што е потребно тешко добиената слобода и суверенитет да бидат штитени од закани и предизвици којшто престојат денес и којшто очигледно ќе постојат и во иднина. Нека ни служат делата на храбрите лидери како Јане Сандански како инспирација за нашата вечна обврска за одбрана и развој на македонскиот идентитет и македонската држава. |