|
||||
Македонската Црква е ПРВОСЛАВНА бидејќи Македонците први го прославиле Господ Бог во Европа! |
Македонската Црква е автокефална и дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква! Македонската Црква е ПРВОСЛАВНА бидејќи Македонците први го прославиле Господ Бог во Европа! Македонската Црква е со апостолско приемство од Светиот Апостол Павле! Македонската Црква е Апостолска, своевремено помоќна и по власт и по дијацеза од сите цркви заедно, со територија од Северна Италија до Црното Море, од Дунав до Средоземното Море. Македонската Православна Црква-ОА е една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната автокефална Охридска Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва! Сакал тоа некој да го прифати сега или не! Македонската Црква во Македонија непрекинато постои од формирањето на првите епископии во Македонија, независно од окупациите и окупаторите! Македонската Црква била единствена институција која се грижела за македонскиот народ, особено нејзината улога се чуствувала во петвековното владеење на Османлиите со овие простори. Македонската Црква носела судски одлуки, се грижела за образованието, здравството и т.н. Токму затоа, Македонската Православна Црква-ОА во минатото имала значајна мисија во зачувување на духовниот, културниот и националниот идентитет на македонскиот народ. Во минатото, отстапувањето од божјите патеки, неморалот, криминалот, митото и корупцијата, биле клучни причини за укинување на Охридката Архиепископија, односно да се изгуби она што со векови било симбол на македонската посебност. Заслепени од неморал и жолтици, дозволија не само да се укините Автокефалната Македонска Црква, туку и да се подели Македонија. Во 1767 година, македонскиот народ тешко го поднел укиунувањето на Охридската Архиепископија. Затоа во сите наредни востанија македонскиот народ се застапувал за возобновување на својата македонска држава и Црква. Сосема е извесно, дека доколку Охридската Архиепископија не била укината или доколку се возобновела кога и Егзархијата во XIX век, Македонија никогаш немала да биде поделана меѓу соседите, а денес таа ќе беше моќна, модерна и богата земја. Македонската Православна Црква-ОА во минатото била држава на Македонците. Меѓутоа, сите како да заборавија на истрајноста на македонскиот народ кој низ покајание беше спремен да ја сочува својата духовна и национална бит. По долгите борби за самостојна и независна македонска држава, во текот на Втората светска војна, дел од тој македонски народ се ослободи. Повторно на еден дел од Македонија создаде своја држава Република Македонија и ја врати својата Македонска Православна Црква-ОА. Веднаш по осамостојувањето во 1991 година, нашите соседи повторно започнаа со истите сплетки како во минатото. Едни не го признаваат името, други, јазикот, трети Црквата, а четврти ги сквернават македонските светињи, Цркви, Манастири и гробишта. Едни од оружјата на македонскиот народ се силата на аргументите и молитвата за јакнењето на свеста кај сите оние кои од внатре се обидуваат да ја демонтираат македонската држава и Црква, односно се што е поврзано со македонската државност. Во нивните намери повторно им помагаат колаборационисти чии очи веднаш светнуваат на сјајот на жолтиците. Сите тие работат против Бога и божјите закони, па затоа нема да побегнат од божјиот гнев. АПЕЛ До Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА и Ахиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан: Надежта на македонскиот народ за опстојувањето на својата држава и Црква е голема, но, таа зависи и од истрајноста и мудроста на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА и Ахиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во зачувувањето на црквата, државата и идентитетот. Немојте да дозволите во 21 век да се случи: „Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат, Стамче беј, Бујар Лигдо, Пејко Челеби“, само со други имиња! https://www.youtube.com/watch?v=FiK9Ousz-Io Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето Се претставил пред Арсенја, наша Патрика честнаго Тој ги гушка, тие т`жни, му целуват десна р'ка и од р'ка Глигор Прличев Македонска нација |