|
||||
ГРУЕВСКИ СО ПОСЕБНА ПОЧИТ КОН ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ |
ГРУЕВСКИ СО ПОСЕБНА ПОЧИТ КОН ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Идејата за успешна и просперитетна Македонија е започната во 90-те години, од храбри луѓе кои го продолжија историското ВМРО и идејата за самостојна, суверена и независна Република МакедонијаПремиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ им го честита роденденот на сите членови на партијата. Посебна , благодарност, Груевски искажа кон основачите на партијата, при тоа осврнувајќи се кон корените и историската определба на партијата ВМРО-ДПМНЕ- идеолошки наследник на ВМРО, за што Претседателот Груевски истакна ,,Идејата за успешна и просперитетна Македонија е започната во 90-те години, започната од храбри луѓе кои застанаа зад тоа во што веруваа и спротивно на сите притисоци,игри, местенки, фабрикувања, тие храбро започнаа еден процес на развивање и ширење на идејата на историското ВМРО. Носени од идејата за самостојна, суверена и независна Република Македонија. Тоа беа времиња, во кои на најнедемократски начин, се воделе досиеја за партијата, се следеле сите движења,и комуникации во жолтата зграда, која беше на ова место , се изживувале со судбините на луѓето кои делуваа во партијата.Времиња на досиета ,,Темел“ , Сина Птица“,. Време кога се измислуваа афери како ,,летоците на бугарски јазик“, или шпекулации од типот дека двајца со бради и беретки биле видени на местото на атентатот на Глигоров. Времиња во кои за да се биде вмровец, беше како да се вкалапиш во некој стереотип кој го креираа тогашните служби на партијата која сега е во опозиција и која води лажна битка за демократија.Времиња невремиња,кога активистите без да помислат на тоа што партијата ќе направи за нив , крстосувале низ држава и ја граделе партијата и темелите на нејзиното делување, но и темелите на идната Република Македонија. Денес на 25-годишнината на партијата сакам да ги поздравам сите тие луѓе од прв до последен кои го создадоа јадрото на ВМРО-ДПМНЕ, независно на нивната денешна политичка ориентација. Луѓето кои ја формираа партијата и делуваа во рамките на партијата. Почетното заедничко делување на Љубчо Георгиевски-основач и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на Драган Богдановски- најголемиот дисидент во врмето на комунизмот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на Борис Змејковски првиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ , Гојко Јаковлески и Мане Јаковлески, Владо Транталовски и Дијана Транталовска, Васил Наумов, Драги Арсов, едни од клучните личности при основањето на партијата, како и повеќе други , се луѓе кои на централно ниво започнаа да ја формираат и реализираат идејата за партијата, на која подоцна и се приклучија стотици и илјадници други храбри луѓе од Македонија.Честитки за нивното делување и почит за она кое тогаш тие го направија.“ INFOMAX |