|
||||
Марена се слави секоја година на 30 Јули во с. Зубовце, и во с. Туминец, Мала Преспа |
Сите православни христијани го слават празникот на Светата маченичка Марина, позната во народот како Огнена Марија, почитувана како борец за верата Христова и заштитник на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган, како Свети Илија кој казнува со молњи и таа спаѓа во “огнените” светци. Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините “гори небото и земјата, не се работи “ниедна работа”. Во народната традиција сочувани се примери на пожари, во топлите празнични денови изгореле жито на луѓето кои работеле на празникот на Свети Марина. Празникот Света Огнена Марија или Марина – Марена се слави секоја година на 30 Јули во с. Зубовце, и во село Туминец на манастирот Света Марена.во Мала Преспа. Село Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители. Поголем дел од моштите на Света Огнена Марија-Марина се наоѓаат во манастирот Света Марина, во село Туминец во областа Мала Преспа, каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти. Селска слава - Света Огнена Марија (Марина) – Марена, село Зубовце. На 30 јули во подножјето на Шарпланина секоја година чиниш ќе се собере сиот македонски народ,во Зубовце, а таму Зубовце и зубвчани пречекуваат гости кои доаѓаат од секаде. Гости кои срдечно и гостопримливо се пречекани од зубовчани во нивните домови, но и гости кои се пречекуваат во една од трите цркви, црквата Св. Марена, на денот кога во село Зубовце е селската слава во чест на Света Огнена Марија-Марена Црквата Света Огнена Марија е изградена пред повеќе од 160 години, од камен и дрво, врз темелите на многу постара црква. Во 1859 година надалеку познатиот Дичо Зограф, со својата тајфа, ги има насликано живописот на црквата и 50-тина икони, а се потпишал и на престолната икона на Св.Марија. Во организација на Црковниот Одбор, Зубовчани и оваа година ја продолжуваат и негуваат традицијата оставена со векови од нивните предци. Ден пред празникот на 29 јули , во воздухот се шири вибрацијата на традиционалната македонска народна, фолклорна музика, таму се диши фолклорот на македонија. Нека е честит празникот, и нека вечно духовно живее и се памети овој убав ден, денот во чест на Света Огнена Марина-Марена. АМИН! |