Вторник, 04 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Гоце (Георги) Николов Делчев

goce-delcevГоце Делчев е роден во Кукуш на 23 јануари 1872 год. Основното образование го завршил во родниот град, а гимназијалното во Солунската машка гимназија. Во пролетта 1892 година стапил во Военото училиште во Софија. Оттаму е исклучен на 16 септември 1894 г. и есента истата година е назначен од егзархијата за учител во Ново Село - Штип, каде што работи две години и целосно му се посветува на револуционерната дејност. Преместен е во Банско, но, подозрив од властите, принуден е да го напушти учителствувањето и да стане нелегален апостол.

Од крајот на 1896 год. до 1901 год. заедно со Ѓ.Петров тој е задграничен претставник на ВМОРО во Софија.

Г.Делчев непосредно учествувал во изработката на вториот устав на ВМОРО во 1896 година, со кој настапи нова, повисока фаза во развитокот на македонското-ослободително движење.

На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавањето на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирска служба, во употреба се воведени и шифри,  хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Г. Делчев се оформи организационата структура.

Загинал на 4 мај 1903 година во борба со турскиот аскер, во с. Баница, Серско.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.