|
||||
ДОСТОЈНО ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ГРОБОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ ВО КУМАНОВО! |
Дваесетичетвртата годишнина од Денот на независноста на Македонија, Светскиот Македонски Конгрес и порталот Македонска нација на 8 септември (вторник) во 10.00 часот достојно ќе го одбележат на гробот на Драган Богдановски во Куманово, идеологот и основач на ВМРО- Демократска партија за македонско национално единство, меѓу Македонците во целиот свет и во сите делови на Македонија! На референдумот одржан на 8 септември 1991, Македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна! Чествувањето на 8 септември на гробиштата во Куманово, ќе започне во 10.00 часот со панихида за Драган Богдановски и за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф Митрополит Кумановски со свештеници од Кумановската Епархија. Слово за животот и делото на Драган Богдановски ќе одржи Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, реосновач на електронското издание на списанието Македонска нација за првпат отпечатено во 1971 година и соборец на Драган Богдановски. А, реферат за Денот на независноста на Македонија ќе прочита Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес! Поканата важи за сите добронамерници и патриоти родољупци! Да се собереме помасовно и достојно да се поклониме пред оние кои се вложија за слободата и државноста на Македонија! Честит 8 септември - Денот на независноста на Македонија! СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МАКЕДОНСКА НАЦИЈА |