|
||||
ДРАГАН БОГДАНОВСКИ, МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР ДО НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МАКЕДОНСКА НАЦИЈА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ, МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР ДО НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА! 9 септември 2015 година, Скопје, Македонија - Дваесетичетвртата годишнина од Денот на независноста на Македонија, Светскиот Македонски Конгрес и порталот Македонска нација достојно ги одбележаa во Републиката, меѓу Македонците во целиот свет и во сите делови на Македонија! Го објавуваме говорот на Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, реосновач на електронското издание на списанието Македонска нација за првпат отпечатено во 1971 година, на гробот на Драган Богдановски, основач и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, на градските гробишта во Куманово. - Дедо владика, почитувано семејство на Драган Богдановски, почитувани браќа и сестри Македонци, се собравме на Денот на независноста на Македонија, во Куманово, да му одадеме почит на Драган Богдановски и на сите кои се бореле за самостојна Македонија во Татковината и дијаспората. Затоа со едноминутно молчење да им одадеме почит на сите кои не се меѓу нас. Македонското движење за сувереност и самостојност вткаи многу македонски борци, вгради многу жртви во темелите на државноста, и пред Херонеја и по Херонеја 338 пред нашата ера, и пред Илинден и по Илинден 1903, АСНОМ 1944, референдумот за суверена и самостојна држава Македонија 8 септември 1991 година и од татковинската борба во 2001-та и 2015-та година тука во Куманово. Во време сме на Третиот Илинден. Сигурен сум во победата на овој трет Илинден, бидејќи знам дека цврсто и без колебања чекориме на вистинскиот пат, патот што го трасираа нашите претци, патот по кој одеше и Драган Богдановски, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ. Драган Богдановски во себе го носеше аманетот на Илинденците и Асномците, сонуваше за слободна, независна и суверена држава Македонија. Во педесетите години на минатиот век Богдановски тргна по тој пат и за првпат ја почуствува темната и ладна затворска ќелија. Додека беше студент на факултетот за земјоделство и шумарство во Белград, поради иницијативата за формирање „Македонски студентски клуб“, тој беше затворен 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев венец. Во пролетта 1950 година Богдановски ја напушта земјата и преку Грција, Аргентина и Бразил, доаѓа во Пораз, каде започнува со политичко дејствување. Тој ја формира организацијата „Македонски национален фронт“ и го издава весникот „Македонска искра“, кој по неколку броја беше забранет. Во 1958 година, по преселбата во Норвешка, тој покренува издавање на низа весници, списанија и книги за Македонија, меѓу кои и списанијата „Македонска лоза“, „Македонска нација“ и други. Во 1967 година, Богдановски застанува на чело на ОКМ, кој во 1972 година се трансформира во ДООМ. Во 1977 година, Службата за државна безбедност го киднапира Богдановски од Париз, осуден на 13 години затвор. Во 1988 година, во предвечерието на распадот на Југославија, Драган Богдановски е пуштен од затвор. Имаше доволно време да ја подготви програмата за формирање на националната политички партија ДПМНЕ која во 1990 година на состанокот во Минхен ќе го добие како предзнак ВМРО. Драган Богдановски беше идеен творец на ВМРО ДПМНЕ, која како партија одигра клучната улога во осамостојувањето и развојот на Македонија. Во месецот кога Драган Богдановски е роден, 18 септември 1929 година,се остварија стремежите на Богдановски и другите македонски патриоти од земјата и дијаспората. На 8 септември 1991 година беше прогласена самостојна и суверена држава Македонија. Ако со Крушевската Република се поставија темелите на последната возобновена Македонска држава, со Вториот Илинден македонскиот народ се стекна само со суверенитет на дел од територијата, на Третиот Илинден (8 септември 1991) македонскиот народ во вардарска Македонија, го врати суверенитетот и самостојноста на државноста! Затоа денес, на гробот на Драган, да им се поклониме на: Гоце, Даме, Карев, Гули, Сандански, Александров, Камхи, на гемиџиите, на Ченто, Брашнаров, Костадин Диневски-Динката, да им се поклониме и на починатите членови на македонските организации во дијаспората. Само мал дел од нив ќе спомнеме:Драган Богдановски, Благоја Шамбевски, Панко Стамкоски, Михаил Шариновски Солунски, Ристе Ристевски, Ѓорѓи Чочков, Крсто Шкодров, Крсто Димитров, Стојан Србинов, Јонче Трајчевски, Спаско Трпоски Спасе и многу други. Пред само неколку месеци во Куманово, бевме сведоци на обид за дестабилизација на државата од страна на терористичка банда. Затоа, денес, се поклонуваме и на сите бранители од 2001, се поклонуваме и на: Ненад, Горан, Жарко, Сашо, Бобан, Исамедин, Љубиша и Горан, загинатите Македонски полицајци кои ги дадоа своите животи за слободата на Македонија. Во Куманово се поклонуваме и на илјадниците борци во револуционерното дело кое е симбол на македонскиот непокор. Да се биде патриот во 21 век, значи со дела да се покаже како се сака и како се работи за својата држава и за својот народ! Денешниот патриот гради патишта, училишта, болници, игралишта, создава услови за странски инвестиции, помага на старите, земјоделците, студентите, социјано загрозените... Тоа е патриот денес. Таков современ македонски патриот е токму премиерот Никола Груевски, тој денес го спроведува аманетот за суверена и самостојна Македонија и идеологијата на ВМРО. Ние, основачите, ветераните, членовите, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, му даваме целосна подршка на Никола Груевски да ја направи Македонија држава каде секој ќе се гордее со неа, а тие кои се иселиле од Македонија, да посакаат да се вратат назад. Ние му верумаве на Никола, дека ќе ја направи Македонија таква каква што НИЕ деведесетите години ја замислувавме. Се' додека Македонија има вакви синови, ќе постои и ќе ја има, ќе не има и сите нас кои го продолжуваме АМАНЕТОТ на ВМРО! Нека ни е честит 8 септември, Денот на независноста на Македонија! Нека ни е вечна, нашата единствена бесмртна и библиска Република Македонија! Амин!- рече Мане Јаковлески во своето обраќање. ÂÂÂÂÂ
ÂÂÂÂÂ
|