|
||||
Испишани пароли и навреди на македонската радиостаница во Мелбурн |
Минатиов викенд македонското 24 часовно радио "Гласот на Македонија", што се емитува од Лајло, беше цел на вандалски чин. Како што дознаваме некаде во неделата попладне и рано наутро во понеделникот, излогот на канцеларијата каде е сместена оваа радио станица беше испишан со навредливи пароли. Не сакаме да го коментираме колкаво е нивото и писменоста на вандалот но би можел да оди и на дополнителни часови за култура. Паролата со црвена боја е расистичка и очигледно дело на кукавица која опортунистички искористило момент кога зградата е без луѓе да го оштети излогот. Сопственикот на радиото Ѓорги Темов, го пријавил настанот на полицијата и истрагата е во тек. Australian Macedonian TODAY |