|
||||
МИЈАЦИТЕ СЕ ЧИСТОКРВНИ МАКЕДОНЦИ А НЕ ПРАВОСЛАВНИ АЛБАНЦИ! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС 29 декември 2015 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја почитува слободата на вероисповеста, Македонија е ретка држава во која мултикултурализмот коегзистира реално, но ја отфрла манипулацијата со верското уверување и етничката припадност на граѓаните. СМК со разочарување ја прими веста за регистрација на “Верска заедница на православни Албанци во Република Македонија“, како вешт обид за манипулација на јавноста за наводно формирање на Албанска Православна Црква во Македонија. СМК смета дека и покрај сите обиди, православните Македонци кои го говорат албанскиот јазик и натаму ќе останат Македонци и ќе се црквуваат на македонски јазик во Македонската Православна Црква, којашто претставува една и единствена канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва! СМК потсетува дека Мијаците и во Македонија и во Албанија не се “словенизирани Албанци“, како што Албанците не се “Илири“, туку се чистокрвни Македонци! СМК предупредува дека Македонците нема да го заменат отоманското ропство со албанскиот национал-шовинизам и расизам, а Македонија никогаш нема да биде теократска држава во која владее шеријатот по урнекот на Саудиска Арабија! СМК апелира до Владата, односите на државата Македонија со другите државите да ги уредува и решава на рамноправна и реципроцитетна основа! СМК апелира до Владата и Собранието македонско-албанските односи да ги уредува и решава на рамноправна и реципроцитетна основа: Тоа што за Албанците во Македонија, истото за Македонците во Албанија! СМК очекува политичките партии во борбата за власт да не ги заборават Македонците во светот, во соседните земји и во Македонија и да реализираат реални проекти за нивна афирмација и инкорпорација во сите институции на власта и на сите нивоа во соседна Албанија, Бугарија, Грција и Србија! СМК изразува разочарување од молкот на научните установи кон перфидните обиди за демонтажа на македонскиот етнос, нација и држава и истовремено ги повикува да го кренат гласот на разумот за спас на татковината! |