|
||||
МПЗ “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ” СО ПОДРШКА ДО ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДOНИЈА |
МПЗ “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ” СО ПОДРШКА ДО ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДOНИЈА ЗА НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ДА ГО НОСИ ИМЕТО НА КОРИФЕЈОТ ДАМЈАН ГРУЕВ Македонското Патриотско Здружение “Тодор Александров” му дава целосна подршка на владата на Република Македонија во одлуката новиот универзитет за национлна одбрана,безбедност и мир да го носи името Дамјан Груев.Едноставно сме згрозени и се прашуваме зошто на СДСМ им пречи новиот универзитет да го носи името на легендарниот македонски револуционер и корифејот на македонското револуционерено движење Дамјан Груев.Имено Дамјан Груев е носителот на борбата за независна македонска држава.Дамјан Груев залсужено треба да го носи епитетот “татко” на Македонската револуционерна организација бидејќи е нејзин творец и е еден од главните носители на борбата за незавсина македонска држава на македонскиот народ. Реакциите на СДСМ и обидите за спречување и блокирање на основањето на нов универзитет за безбедност,одбрана и мир,претсавува еден антимакедонски чин преку кој СДСМ уште еднаш потврдуваат дека се против формирање универзитет од кого ќе произлегуваат добро обучени кадри кои со својата компетентност ќе бидат носители на безбедноста и одбараната на Република Македонија.Со оваа реакција СДСМ уште еднаш го потврди непочитувањето на великаните и македонски револуционери, носители на борбата за самостојна македонска држава како Дамјан Груев. Дамјан Груев е бескомромисниот борец за Независна Македонија,револуционер кој ќе го предводи главниот востанички штаб во виорот на Илинденското востание како симбол на македонскиот народ во борбата за незавсина држава. Впрочем СДСМ како директен наследник на Сојузот на комунисти СКМ-ПДП и никогаш не ја посакува независноста на Р.Македонија. СДСМ во 90’-сетите години се залагаа Македонија да остане во СФР Југославија и никогаш не ги почитувале македонските револуционери од илинденскиот период,а ги потценуваа и македонските борци од плејадата на НОБ како Методија Андонов-Ченто,Павел Шатев,Панко Брашнаров,Методија Шаторов-Шарло,Петре Пирузе Мајски кои бараа поголема автономност на Македонија и македонскиот народ во рамките на југословенската комунистичка федерација.Овие македонски револуционери од НОБ се дејци на ВМРО (Обединета) кои Лазар Колишевски,Светозар Вукмановиќ-Темпо,Страхил Гигов и др, ги прогонуваа,затвораа испраќаа на Голи Оток. Најголем дел од овие македонски револуционери како Ченто,Брашнаров,Шатев и други беа прогонувани и затворани од Колишевски и неговата влада,овие чесни македонски патриоти ги оставија своите коски по комунистичките затвори.Приврзаниците на Колишевски ги прогонуваа македонските интелектуалци и сите македонски патриоти кои се бореа за идеалите на ВМРО и се залагаа за Независна Македонија под закрила на Америка со демократски акцент на нејзиното уредување. Комунистичката историографија под диктат на комунистичката доктрина,анатемиса,оцрни или отфрли голем број на чесни македонски синови, македонски револуционери кои се бореа и загинаа за македонската кауза и вековниот стремеж на македонскиот народ за своја самостојна независина македонска држава. МПЗ Тодор Александров се спротиставува на било какво потценување,понижување, отфрлање и деградирање на македонските револуционери кои се бореа за Незавсина Македонија.Македoнската историја има славни херои кои своите животи ги положија пред олтарот на македонското ослободително дело во борбата за слобода на македонскиот народ за создавање на самостојна независна македонска држава.Македонските револуционери од илинденскиот период Дамјан Груев,Гоце Делчев,Никола Карев,Питу Гули,Ѓорче Петров,Јане Сандански ,Васил Чакаларов,Христо Татарчев и други, се бореа за автономна и независна Македонија.Борбата за Незавсина Македонија ВМОРО ја продолжи и по кобниот за нас Македонците Букурешки мировен договор 1913 година.Од 1920 година ВМРО предводена од Тодор Александров ја продолжи борбата за Незавсина Македонаија, водејќи безкомпромисна пожртвувана борбa пртоив српските поробувачи во Вардарска Македонија,против грчките во Егејска Македонија,додека Пиринска Македонија ВМРО ја ослободи од Бугарија и ја имаше претворено во “држава во држава”. Oд 1925 година ВМРО(обединета)предводена од Павел Шатев и Димитар Влахов ја продолжија борбата за Независна Македонија самостојна или како членка на идната балканска федерација.Во виорот на Втората светска војна и НОБ во Македонија , борбата протв фашистичката окупација македoнскиот народ и македонските партизани ја водеа во духот на Илинден и партизанските одреди ги носеа имињата на славните илиндиеци како Дамјан Груев и Гоце Делчев, а комунистите,нивните налседници денес и соросоидите сакаат да ги понижат и подценат. Денес време е конечно да ги почитуваме сите македонски дејци и револуционери кои се бореа за самостојна независна македонска држава.Денес кога Република Македонија чекори кон ЕУ и НАТО,време е да се присетиме и да ги почитуваме корифеите како Дамјан Груев и нивните имиња да живаеат во светста на младите македонски генерации како патоказ за силна и стабилна Република Македонија. МПЗ “Тодор Александров” |