|
||||
Граѓани на Македонија да не наседнуваат на американските обиди за предизвикување хаос во земјата |
ВНИМАНИЕ: Означен официјалниот старт на втората рунда од Обоената револуција против МакедонијаОсвен монструзните обиди за предизвикување крвава граѓанска војна, втората рунда од Обоената револуција во Македонија, чиј старт беше означен со минатогодишниот обид за државен удар, ќе се одвива и во насока на диксредитирање на некои од столбовите на владеачката партија, но и на нивните досегашни изборни победи. За таа цел како што јавија дел од нашите медиуми, СЈО на големо бара сведоци кои што за поткуп лажно би сведочеле во процесот.Марија КотовскаПо спинуваната приказна за старецот претепан до смрт, за кого опозициските медиуми јавија дека наводно настрадал поради тоа што ја бранел Катица Јанева, што претставува обид за провокација на тензија меѓу Македонците симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и оние на СДСМ, со брзина на светлината стигна и веста за претепувањето на Тодор Петров веднаш по поставувањето на крстот во Бутел. Ова пак е второт дел од стратегијата за предизвикување граѓанска војна во Македонија, кој што треба да резултира со судири меѓу македонските и албански сограѓани. Сега е и повеќе од јасно зошто опозицијата на чело со Бејли, Сорос и Заев бараше одложување на изборите во нашата земја. Рускиот аналитичар и новинар Андреј Корибко неодамна во интервју за Нетпрес со неверојатна прецизност го предвиде развојот на настаните, упатувајќи порака до сите граѓани на Македонија да не наседнуваат на американските обиди за предизвикување хаос во земјата.
Освен монструзните обиди за предизвикување крвава граѓанска војна, втората рунда од Обоената револуција во Македонија, чиј старт беше означен со минатогодишниот обид за државен удар, ќе се одвива и во насока на диксредитирање на некои од столбовите на владеачката партија, но и на нивните досегашни изборни победи. За таа цел како што јавија дел од нашите медиуми, СЈО на големо бара сведоци кои што за поткуп лажно би сведочеле во процесот. Трет правец во кои што обоените револуционерни и петоколонаши ќе се движат се протестите, на кои што повторно ќе се обидат да испровоцираат насилство преку насилничко однесување врз полицијата, како што се случи во мај. Сума сумарум, овие денови и официјално е означен стартот на втората рунда од Обоената револуција против Македонија, а самопрогласената меѓународна во состав САД и ним потчинетата ЕУ, ќе даде се од себе за предизвикување хаос во земјата, бидејќи сега е и повеќе од јасно дека ниту прислушуваните телфонски разговори, ниту пак терористичкиот напад во Куманово вродија со плод. Анкетите и натаму покажуваат значително или како што велат грчките медиуми, удобно водство, на лидерот на владеачката партија Никола Груевски.ÂÂÂ Злото пак, исчезнува само тогаш кога ќе биде разоткриено, а потоа и игнорирано. А елементите кои што работат на предизвикување на крвави судири во Македонија, дефинитивно се наоѓаат при врвот на пирамидата на злото. Во првата рунда од Обоената револуција Македонија се чини го нокаутираше злото, а со Господ напред, ќе победиме и во втората, со мудрост, воздржаност и трпение. НЕТПРЕС |