Четврток, 19 Јануари 2023 |
|
|
|
|
Бог се јави!
|
Богојавлението е настан што постојано поучува како да го љубиме Бога, како да ги сакаме луѓето.
Да му се поклониме на Бога, да ја искажеме нашата голема верба во Господ и да го осветиме и продолжиме чинот на крштевањето.
Празникот водици се слави по повод Христовото крштевање во реката Јордан,и настанот кој тогаш се случил кога се открило Светото Тријство.
Во евангелието по Матеј е забележано ова: „И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата.Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.( 3.16 )
Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други.
На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануваaт лековити.
Јавлјајуј се Христе Боже и сјавја је у Тебје!
Бог се Јави! |