Среда, 20 Април 2016    PDF Печати Е-пошта
Доделени дипломи на децата учесници на курсот по македонски јазик во Корча, Албанија

dodeluvanje-na-diplomi-korca-albanija-1

Заврши петмесечниот курс по македонски јазик во Корча, Албанија кој го орагнизираше Македонскиот културен центар “Сонце” од Корча. По тој повод, во Корча се одржа свечено доделување на дипломите на децата кој што го посетуваа курсот. Присуствуваа родителите на децата кој што го посетуваа курсот како и амбасадорот на Република Македонија во Албанија, Стојан Карајанов.

Настанот започна со пеење на македонската национална химна и продолжи со рецитирање на стихотворби и македонски песни од страна на децата.

Васил Стерјовски во името на М`акедонскиот културен центар “Сонце” се заблагодари на децата и родителите за покажаниот интерес за изучување на македонскиот јазик, истакнувајќи дека курсот по македонски јазик имаше за цел зачувување на македонскиот јазик.

dodeluvanje-na-diplomi-korca-albanija-2

- Сите деца што го посетуваа курсот по македонски јазик тука во Корча знаат да зборуваат на македонски јазик, затоа што доаѓаат од македонски фамили. Бидејки во образовниот процес немаат право да го изучуваат македонскиот јазик, преку овој курс децата учат да читат и пишуваат на македонски јазик, како и да се запознаат со македонската историја – истакна Стерјовски.    

Амбасадорот на Република Македонија во Албанија, Стојан Карајанов во своето обраќање се заблагодари на децата, македонскиот културен центар “Сонце” и , учителката Аделина Дума за хуманата мисија.

- Сите сме горди што имаме свое облежје, да го чуваме и негуваме македонскиот јазик затоа што е еден од столбовите на македонскиот идентитет и интегритет. – истакна амбасадорот Карајанов.

dodeluvanje-na-diplomi-korca-albanija-3

Свеченоста заврши со доделување на дипломите на децата од страна на амбасадорот Карајанов.

Курсот по македонски јазик го водеше учителката Аделина Дума и го посетуваа 17 деца од различна возраст од македонската заедица од градот Корча.

Децата ја учеа македонската азбука врз основа на програмата изготвена од страна на Валентина Нестор, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Тирана.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.