Вторник, 24 Мај 2016    PDF Печати Е-пошта
Пак би донел одлука за аболиција оти СЈО работи против ВМРО-ДПМНЕ
alt

Пак би донел одлука за аболиција оти СЈО работи против ВМРО-ДПМНЕ

Давајќи приказ на местоположбата на СЈО во Скопје и непосредниот повод за уличните протести во државата, кои почнуваат секогаш пред Обвинителството, весникот потсетува што се случуваше на политички план во државата во изминатата година и половина, почнувајќи од објавувањето на „бомбите"‚ до потпишувањето на Договорот од Пржино

Линијата на поделба минува долж партиите и семејствата, а причините за тоа имаат корени далеку во историјата на поделената земја, која некогаш важеше за предводник", оценува угледниот „Франкфуртер алгемајне цајтунг", пренесува Дојче веле.

Текстот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг" (ФАЦ) со наслов „Три Чарлиеви ангели", почнува со оценката дека во „идеален случај" приказната за Македонија и кризата во земјата би можела „да заврши" со работата на Специјалното јавно обвинителство. Давајќи приказ на местоположбата на СЈО во Скопје и непосредниот повод за уличните протести во државата, кои почнуваат секогаш пред Обвинителството, весникот потсетува што се случуваше на политички план во државата во изминатата година и половина, почнувајќи од објавувањето на „бомбите"‚ до потпишувањето на Договорот од Пржино.
„Речиси една година потоа, Специјалното обвинителство е речиси сѐ што остана од овој Договор. Резултатите од истрагите кои тоа ги објавува од почетокот на годинава пружаат материјални докази за заклучокот, кој во еден ЕУ-извештај минатото лето сѐ уште беше формулиран како претпоставка: 'Како што се чини има директна вклученост на високи владини претставници во илегални активности'."
Наведувајќи дека на протестите во Македонија луѓето носат маички со трите букви СЈО и силуети на „Трите Чарлиеви ангели", ФАЦ пишува:
„Тие се отелотворение на надежта (на оние што протестираат, н.з.) дека нивната земја ќе се ослободи од стегот на една политичка елита која својата благосостојба се чини ја има ставено над законот.
Претседателот Ѓорге Иванов, на прашањето дали повторно би донесол одлука за помилувања како на 12 април, одговара уште пред да го завршите прашањето: 'Да!'
Притоа, се случи токму спротивното од она што тој тогаш го рече во својот телевизиски говор: 'Неопоходно ни е национално помирување'...
Иванов не е надвор од реалноста, тој само делува во една поинаква стварност. Разговорот со него води кон длабоката поделба на македонското општество, која се протега долж семејствата, пријателите и соседите и во историјата на која печат ѝ даваат насилството и теориите на заговор, историја на Македонците чиј идентитет постојано се става под знак прашалник од соседите на север, југ и исток.
'Оваа атмосфера на конфликт е дело на Специјалното обвинителство', вели Претседателот. 'Тоа (СЈО, н.з.) истражува селективно само против владејачката партија.'...
Затоа што опозицијата не успевала да победи на избори, сега се обидувала да дојде на власт на поинаков начин, смета Претседателот...
Иванов вели дека сегашната криза не е ништо друго освен ново поглавје во приказната која трае повеќе од сто години...
И, онака како што фракционерските борби во ВМРО некогаш биле разгорувани од страна на соседите, според Иванов, така и денес македонско-македонскиот конфликт е дело на надворешни сили...
Поради спорот со името, Грција спречува прием на Македонија во НАТО и почеток на преговори за приклучување во ЕУ, иако Европската комисија веќе седум години препорачува почеток на преговори.
'Тоа е вистинската причина за фрустрацијата на младата генерација', вели Иванов.
Македонија некогаш важеше за предводник на реформите на Балканот. И, ако му се верува на Никола Груевски, таа е тоа и денес... Груевски не е веќе премиер, затоа што согласно Договорот од минатото лето, мораше да се повлече на почетокот на годинава. Но, никој во земјата, ниту пријател ниту непријател, не се сомнева ни малку во тоа дека тој сѐ уште е вистинскиот владетел...

Вечер

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.