|
||||
МПЗ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ОРГАНИЗИРАШЕ ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ |
ДЕМАНТ-КАДЕ БЕА СОРОСОВИТЕ ОПОЗИЦИСКИ ПОРТАЛИ ДА ПИШУВААТ ЗА МПЗ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ КОГА ЗДРУЖЕНИЕТО ОРГАНИЗИРАШЕ ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ И ВИДЕО СНИМКИ КАКО МПЗ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ БЕА ПРЕЧEКАНИ ВО КРУШЕВО. МПЗ Тодор Александров категорички ги отфрла обвинувањата од порталите на Опозицијата и нивните монтажи,за наводен нацизам или фашизам,нашето здружение има програма во која се стреми за заштита и афирмација на македонските национални култрурни вредности,организира панихиди,трибини,чествувања, поставувања на спомен бисти и спомен плочи на македонски херои и се бори и залага за заштита на македонскиот национален идентитет.Јавно прашуваме каде се овие опозициони соросови портали кога нашето здружение организира трибини од научен карактер на кој присустувуаат најеминентни историчари,етнолози, политиколози и слични авторитети. Се прашуваме каде се овие соросови опозициски портали да напишат нешто за нашето здружение кога МПЗ Тодор Александров организаираше хуманитарни акции и концерти,каде беа да објават кога нашето здружение организираше хуаманитарни акции за поплавите во битолските села.Не бираат начин за комромитирање на наши членови објавуваќи и приватни фотографии на деца на наши членови.Овие опозициони портали не нападна веднаш по лажните обвинувања на Општинската организација на СДСМ-Крушево.Притоа сакаме да истакнеме дека имавме информации уште кога здужението пристигна во Крушево на 31 август 2016 , дека лица блиски на СДСМ спремаат комромитирање на здружението и дека имало нивна негативна реакција за нашето присуство и кога наши членови делеа памфлети и плакати, а лица блиски на опозицијата ги искинаа. Премногу е смешно да се објавуваат фотографии од наши членови кои на шега се сликале со играчки за мали деца изработени од пластика,а овие платеници да пишуваат дека се работело за автоматско оружје или кога наши членови се фотографираат со музејски артефакти и музејско оружје во македонските музеи. МПЗ Тодор Александров не украде никаква прослава, туку скромно и достоинствено се приклучи и беше дел од Илинденскиот марш заедно со другите здруженија, залудни се сите обиди за оцрнување.На ова видео може да си види како беше со аплаузи и овации дочекано од граѓаните на Крушево нашето здружение и останатите здруженија. Се прашуваме каде беа овие сорос-опозициски портали кои на најдрзок и најнизок начин го оцрнуваат здружението МПЗ Тодор Александров да критиковаат кога Шараената револуција ги сквернавеше спомениците на Илинденците и ги исмејуваа и понижуваа македонските херои.Што се однесува до раководството на СДСМ-Крушево би им препорачале ако имаат малку доблест подобро е да искажаат најмал револт за шарењето на спомениците на нивните сограѓани во Скопје, на Питу Гули, Никола Карев,АСНОМ,Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија,Александар Македонски но и на други македонски дејци кој ги положија своите животи за Македонија. На крајот повторно сакаме да потенцираме, дека МПЗ Тодор Александров се залага за заштита на Македонските национални, историско- културни вредности и нивно достојно почитување.МПЗ Тодор Александров се залага за национално помирување помеѓу македонскиот народ, без разлика на неговата политичката или верска припадност. |