|
||||
ВЛАДАТА ИТНО ДА ГО ИЗГРАДИ ПЛАНИРАНИОТ НОВ ОБЈЕКТ ВО СОСТАВ НА ГИМНАЗИЈАТА “КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ |
ВЛАДАТА ИТНО ДА ГО ИЗГРАДИ ПЛАНИРАНИОТ НОВ ОБЈЕКТ ВО СОСТАВ НА ГИМНАЗИЈАТА “КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ ВО ТЕТОВО ЗА УЧЕНИЦИТЕ МАКЕДОНЦИ! СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС 28 септември 2016 година, Скопје, Македонија Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува загриженост за изведувањето на наставата за македонските паралалеки во централната зграда на тетовската гимназија “Кирил Пејчиновиќ“ и бара итно решение на условите за работа. СМК смета на итно надминување на лошите услови за работа во Работничкиот универзитет и во Основното училиште “Гоце Делчев“ во Тетово, каде што повеќе години учениците Македонци следат настава поради просторните проблеми во нивното матично училиште. СМК ги поддржува барањата на учениците Македонци и нивните родители за учење во три смени со скратени часови во централниот објект во состав на гимназијата “Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. СМК бара Владата најитно да го изгради планираниот нов објект во состав на гимназијата за македонските паралелки, а дотогаш, заедно со општината Тетово, да обезбеди соодветни просторни услови за изведување на наставата за учениците Македонци во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. |